Македонија
Тодоров ќе ги тужи рецензентите?
Зоран Радиќ, претседателот на Националната комисија за учебници, денеска изјави дека Министерот за образование и наука, Никола Тодоров најверојатно ќе ги тужи рецензентите на учебникот по општество, бидејќи тие не се извиниле
„Од разговор со министерот, на почетокот тој бараше од тројцата рецензенти да дојдат и да се извинат за тоа што не направиле квалитетна рецензија меѓутоа тие тоа не го направија, така да министерот најверојатно ќе биде принуден да поднесе тужба против нив,“ рече Радиќ на денешната прес конференција на Националната комисија за учебници.Тој исто така информираше дека не може да се претпостави точно колку време ќе им треба на ревизорските тимови за да направат ревизија на сите учебници во образованието.Одлуката за ревизија следуваше по бурните реакции во јавноста за учебникот по „Општество“ чии огромни грешки случајно беа забележани од новинарите. Потоа се одлучи тој да биде повлечен. Овој учебник отвори многу прашања за постапката на правење учебници во земјата, за компетентноста на авторите и рецензентите, и за одговорноста на Министерството за образование во целиот процес. Направената штета само за „Општество“ ќе чини дополнителни милион денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

