Македонија
Забелешките на Селами пред меѓународната заедница
Забелешките на антикорупциската комисија за измените на Законот за спречување на корупцијата, со кој се скратува мандатот на членовите на комисијата, денеска беа изнесени пред претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и пред амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Хозе Луис Хереро
„На средбите ги изразивме нашите ставови за тоа дека со овие измени би се направил упад во антикорупциската комисија. На средбите бевме ислушани и позитивната енергија е исход од овие средби“ изјави за Макфакс, претседателот на антикорупциска комисија, Илми Селами.Тие побарале средба и со евроамбасадорот Ерван Фуере, како и со премиерот Никола Груевски. Со Фуере, според нивните очекувања ќе се сретнат кога евроамбасадорот ќе се врати во земјава, а од Кабинетот на премеирот се уште немаат одговор на барањето за средба.Илми Селами пред една недела на прес конференција побара министерот за правда Михајло Маневски да го повлече предлог законот со кој се вршело упад во работата на комисијата.Според него, со ваквото решение директно се задира во ефикасното функционирање на комисијата. Доколку се усвојат измените, мандатот на овој состав би завршил на 1-ви февруари 2011-та година, кога на функција би стапил нов состав.„Сметаме дека мандатот од пет години е оптимален што обезбедува сигурност во функционирањето на ова тело и се избегнува можното поклопување со изборните циклуси. Ова го потврдуваат и компаративните искуства од другите земји. Сето ова тера на помисла дека ваква институција, односно комисија како контролно тело, некому не му одговара“, рече Селами на прес- конференцијата пред една недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

