Македонија
Груевски: Македонија трпи непоправлива штета од грешките во 1990-те
Деведесетите години е период кога беа направени големи штети, а испуштените шанси не може да се надоместат, рече во саботата премиерот Груевски
Според премиерот Никола Груевски, смета дека грешките направени во 1990-те години беа од стратешки карактер со последици коишто се чувствуваат до денес„Моделот на приватизацијата не може да се поправи. Обезвреднет е капитал од околу пет милијарди евра, испуштени се од работа околу 200 илјади работници, пропуштена е можноста за влез на странски инвестиции, а компаниите се дадени на локални менаџери блиски до тогашната власт кои незнаеја добро да работат. Уште 20 години ќе ги чувствуваме последиците од погрешните чекори за време на транзицијата“, изјави Груевски коментирајќи ја политичката дебата околку 90-тите години.Ви однос критиките од страна СДСМ за вчерашниот отчет на Владата, премиерот истакна дека не слушнал ништо суштинско од опозицијата освен тоа како изгледал и дали му затреперил гласот.„Тоа од една страна ми говори дека СДСМ нема ни што да кажат, а од друга страна дека опозицијата нема силен капацитет, што мене ми дава поголема сила да продолжиме со реализирање на проектите, изјави Груевски и додаде дека засега се работи за скратена верзија на отчетот, но се очекува наскоро да излезе во долга верзија во печатена и електронска форма.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

