Македонија
Собранието има потреба за 15 рамковни преведувачи
Секретарот на Собранието, Жарко Денковски во четврток на седницата за буџетскиот совет на Собранието рече дека нема да бидат примени 70 преведувачи за превод од албански јазик на македонски и обратно според принципот на правична застапеност, туку 15
„Имаше дезинформација дека во Собранието ќе бидат примени 70 преведувачи. Немаме ниту капацитет, ниту потреба за повеќе. За 15 е планирано според и систематизација и според нашите потреби“, изјави Жарко Денковски. секретар на македонското Собрание.Вицепремиерот за задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Абдулаќим Адеми пред еден месец им додели решенија за државни службеници на 70 преведувачи, за кои рече дека ќе бидат распределени во Собранието.Од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор денеска рекоа дека 15те преведувачи се дел од групата кои се примени на конкурс објавен од Собранието, за кои е завршена процедурата преку трансфер и работат како преведувачи во одделот за превод. Од таму велат дека останатите 55 ќе бидат распределени во државните институции и во Собранието, доколку се јави потреба.Од почетокот на годинава, според Рамковниот договор, вработени се 370 нови државни административци, речиси сите Албанци, а кон крајот на септември, е најавен уште еден нов конкурс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

