Македонија
Капчан: Македонија и Грција да не пристапуваат со црвени линии
Македонија и Грција не треба на разговорите за името да им пристапуваат со црвени линии, туку двете страни да бидат подготвени да дадат, но и да добијат, вели Чарлс Капчан, Директорот на европски истражувања во Советот за односи со странство во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик
Чарлс Капчан смета дека прашањето добило поголемо значење од тоа што заслужува, но и дека е крајно време тоа да биде затворено. „Прашањето за јазикот и етничката припадност на Балканот е мошне комплицирано. Никој нема да ги реши спротивставените тврдења преку ноќ. Потребната состојка е зрелост и дисциплинираност. Време е обете страни да се откажат од играта на обострано обвинување и да се зафатат со задачата да го решат прашањето“, изјави Капчан за Гласот на Америка.Капчан смета дека САД во моментов се зафатени со повеќе прашања на светско ниво и, според него, Европската Унија треба да ја превземе главната улога во спорот со името.„САД чинат добро кога го изразуваат своето мислење, притискаат врз страните, но ги оставаат главните преговори на ОН и на ЕУ. САД се во позиција кога имаат полн дневен ред, особено во Авганистан, Ирак и на Блискиот Исток, и се вртат кон Европа да преземе поголем товар на Балканот. Ова прашање, секако, е едно од оние во кои Европејците треба да предничат“, изјави Капчан.Според него, поради спорот со името, Македонија е ставена во многу тешка и неблагодарна позиција и поради тоа повикува што побрзо да се стави крај на овој спор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

