Македонија
Јавна или затворена седница – спореа членовите на Анкетната Комисија
Членовите на Анкетната Комисија, која треба да го расветли првојулскиот собраниски инцидент, пред продолжението на денешната седница, со меѓусебни препукувања за тоа дали седницата треба да биде отворена или затворена за јавноста
Според членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ, на седницата на која треба да се испитуваат службеници на МВР, кои се дел од собраниското обезбедување, би можело да бидат изнесени тајни информации кои не би требало да се пласираат во јавноста и поради тоа побараа седницата да биде затворена.Опозицијата со став дека документите со кои работи комисијата се од јавен карактер, кои можат да се најдат во Службен весник и поради тоа сметаат дека седницата треба да биде од отворен карактер.Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, член на комисијата, рече дека седницата може да отворена, но во оној момент кога ќе се изнесуваат класифицирани информации, истата да биде затворена. Претседателот на комисијата, Хајрула Мисини рече дека по барање на Министерството за внатрешни работи седницата на комисијата треба да биде затворена.Спорно за членовите беше преписката меѓу МВР и Собранието, односно службената белешка од министерот Гордана Јанкуловска, која според Димовски, опозицијата ја добила преку наводен таен канал, додека пратениците од владејачкото мнозинство не ја добиле истата.Соња Мираковска од НСДП, член на комисијата, го негираше тврдењето на Димовски и рече дека министерката документот го доставила до сите пратеници заедно со видео-материјалите и фотографиите од инцидентот. Според Мираковска причината поради која што службените белешки не се стигнати до пратениците од владејачкото мнозинство е можеби, како што рече, недовербата во своите сопартијци.Се очекува седницата да продолжи во текот на денешниот ден, но истата ќе биде затворена за јавноста.Анкетната Комисија има рок до 26-ти септември да го расветли собранискиот инцидент, но како што информираше претседателот Мисини, најверојатно ќе биде потребно продолжување на рокот, за кое одлука треба да донесе Собранието
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

