Македонија
Стефков во Атина ќе ги подобрува билатералните односи
Новиот македонски амбасадор во Атина, Сашо Стефков, ќе ги подобрува билатералните односи меѓу двете држави, а неговито колега Ѓорѓи Филопов кој заминува во амбасадата во Виена алцентот на мисијата ќе го стави во привлекувањето странски инвстиции
„Иако сегашните услови за соработка се силно обременети со спорот за името сметам дека е неопходно да се вложат дополнителни напори за унапредување на билатералните односи, што впрочем е и нагласено во привремената спогодба од 1995 г. и тоа е секако од интерес на граѓаните на двете државиОва денeска го изјави новоименуваниот македонски амбасадор во Атина, Сашо Стефков на претставувањето на платформата за дипломатските активности пред членовите на Собраниската комисија за надворешни работи.Тој посочи дека поинтензивните контакти на сите нивоа и повисокиот степен на соработка меѓу двете држави ќе придонесат за создавање на поволна клима и зголемување на довербата што според него ќе влијае на процесот на изнаоѓање на решение за прашањето кое ги двои Македонија и Грција.За време на неговиот мандат тој рече дека ќе се залага за градење на добрососедски односи меѓу Македонија и Грција, засилување на контактите и обезбедување на средби на највисоко политичко ниво.„Исто така ќе се работи на збогатување на договорената состојба со напори за потпишување и финализирање на бројни спогодби, но и потпишување на нови договори, како и иницирање на бројни проекти меѓу ресорните министерства и соодветните институции со Грција“ рече Стефков.Еден од неговите приоритети останува привлекувањето на нови странски инвестиции и зголемување на трговската размена. Во тој контекст Стефков рече дека посебно ќе инсистира на потпишувањето на две важни спогодби, Спогодбата за одбегнување на двојното оданочување и Спогодбата за заемна заштита на инвестициите.Пратеникот Алексадар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека основата во македонко – грчките односи е спорот за името, кој како што рече е повеќезначен и се согласи дека за амбасадорот Стефков вистински предизвик ќе претставува зголемувањето на довербата меѓу двата народи која ќе придонесе за подобрување на односите. Новоименуваниот амбасадор во Виена, Ѓорѓи Филипов, рече дека ќе работи на обезбедување на поддршка за зачленување на Македонија во ЕУ, на зголемувањето на македонскиот извоз како и на зголемувањето на странски државни инвестиции од Австрија во Македонија.Филипов рече дека во својата програма за работа има предвидено и зајакнување на образовната, културната и техничката соработка, кака и зголемување на соработката во земјоделството и туризмот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноски: Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите
Со над 40 амандмани ги заштитивме зголемувањата на платите, факти кои денес ССМ ги премолчува, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Истите тие кои денес зборуваат за недостиг од социјален дијалог, ги потсетуваме на јануари 2024 година, кога тогашната влада на СДС и ДУИ поднесе пакет закони со кои сакаше суштински да ја смени методологијата за пресметката на платите. Да бидеме целосно прецизни. Со тие законски измени се предвидуваше минималната плата повеќе да не биде дел од формулата за пресметка на платите на административните службеници и покрај тоа што истото беше дел од колективниот договор кој тогаш го потпишаа ССМ и владата на СДС. Тоа ќе значеше дека секое идно зголемување на минималната плата нема автоматски да се одразува врз останатите плати во јавниот сектор. Или да кажеме појасно – прекин на линеарниот раст и слабеење на заштитниот механизам за работниците“, рече тој.
Дополнително, додаде Стојаноски, последните измени на текстот тогаш не беа ставени ниту на ЕНЕР, а синдикатите тогаш јасно посочија дека првпат се запознале со предлог-законот од веб-страницата на Собранието.
„Немаше вистинска јавна расправа. Немаше суштински социјален дијалог преку Економско-социјалниот совет. Кој реагираше тогаш ? Тогашното раководство на ССМ дојде во Собранието. Заедно со нас, како тогаш опозициска ВМРО-ДПМНЕ, поднесовме амандмани и го спречивме носењето на тој закон. Не дозволивме минималната плата да биде исфрлена од формулата. Не дозволивме платите да станат одвоени од реалниот раст на минималната плата. Токму затоа денеска платите растат секогаш кога расте минималната плата“, рече пратеникот.
Стојаноски вели дека еден од тие суштински амандмани бил токму предлог на ССМ – минималната плата и понатаму да биде дел од пресметката, со што линеарно би се зголемувале и другите примања.
„Затоа прашањето денес е едноставно: Зошто се премолчува што се случуваше во 2024 година? Зошто денес Трендафилов не го кажува тоа? Зошто не се кажува дека токму со заедничка акција го заштитивме принципот минималната плата да остане основа за пресметка? Ние тогаш не дозволивме набрзина, со европско знаменце и скратена постапка, да се протне решение што ќе ги чини работниците. Денес, како власт, продолжуваме да го почитуваме истиот принцип – системски, институционално и со јасни правила“, рече Стојаноски.
Македонија
(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари
Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции.
Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.
Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со три противпожарни возила и 8 пожарникари-спасители.

Во 09.48 часот, во село Муртино, запален оџак, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители.

„Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193“, апелираат струмичките пожарникари.
Македонија
Хоџа-Јаупај: Јакнење на координираната заштита на прекуграничните подрачја
Во рамки на Министерскиот форум за Коридор 8 во Тирана, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се сретна со министерот за животна средина на Албанија, Софјан Јаупај.
Министерот Хоџа на средбата ја истакнал важноста од заедничка координација во заштитата на прекуграничните подрачја и во спроведувањето на европските стандарди за зачувување на биодиверзитетот и справување со климатските предизвици.
Тој нагласил дека регионалната соработка е клучна за обезбедување одржлив развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од регионот.
„На средбата се разговараше за зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на заштитата на животната средина, управувањето со природните ресурси, третманот на отпадот, како и за унапредување на заедничките проекти во рамки на европската зелена агенда. Министерот Јаупај изрази подготвеност за продлабочување на институционалното партнерство и за реализација на конкретни иницијативи што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животната средина и животот на граѓаните во двете земји“, соопшти Министерството.
Двајцата министри се согласиле соработката да се интензивира преку размена на искуства, заеднички проекти и координација во регионални и меѓународни форуми, со цел заштита на животната средина и промоција на одржлив развој во регионот.

