Контакт

Македонија

23 мај неработен за припадниците на влашката заедница

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 23 Мај, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Македонија

ЗНМ: Да се отфрли обвинението против Кежаровски

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија одржа седница на Управниот одбор по повод укинувањето на пресудата против новинарот Томислав Кежаровски и одлуката на Врховниот суд за враќање на предметот на повторно судење. На седницата ја разгледaвме одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно одлучивме дека ЗНМ до крај ќе инсистира на правичност на Судот и Обвинителството во постапувањето по овој случај се дури Кежаровски не биде ослободен од обвинението.

,,Во изминатите неколку години ЗНМ континуирано даваше поддршка на колегата Кежаровски и тој став принципиелно ќе го брани се додека не биде задоволена правдата. Затоа, бараме Основното јавно обвинителство да го повлече обвинението против колегата Кежаровски, кој беше неправедно обвинет, а потоа и осуден. Со еден ваков потег ОЈО ќе покаже дека конечно одлучува независно и непристрасно во интерес на правдата. Со оглед на тоа дека Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување, го повикуваме и Кривичниот суд во Скопје да го отфрли обвинението и со тоа да покаже дека во оваа држава слободата на говорот е загарантирана како основно човеково право.

Ова претставува одлична можност за Основното јавно обвинителство и Кривичниот суд да демонстрираат правичност и конечно да стават крај на еден долг и неправеден предмет што се води против новинарот и доскорешен Заменик Претседател на ЗНМ, Томислав Кежаровски.

Потсетуваме дека поради овој случај, Македонија како една од единствените земји која имаше новинар во затвор, беше посочена како неслободна земја во која не се почитуваат новинарските права и слободи. Со страдањето на Кежаровски настрада и имиџот на нашата земја пред светот и тоа беше забележано во сите извештаи. Не би сакале тоа да се повтори.Затоа, сега е време таа неправда да се исправи и да се покаже дека институциите во Македонија имаат капацитет да овозможат амбиент во кој новинарите и медиумските работници ќе можат слободно и безбедно да ја вршат својата работа во интерес на јавноста”, се вели во соопштението.

ЗНМ и понатаму ќе продолжи активно да го следи овој предмет преку мониторинг на работата на правосудните органи се до конечната слобода на Кежаровски.Кежаровски беше обвинет за откривање на идентитетот на заштитен сведок, меѓутоа јавноста знае дека тој во своите написи не го откри идентитетот, а потоа во постапката се покажа дека заштитениот сведок бил лажен. Со ова е очигледно дека неговиот предмет беше монтиран со цел да биде згасната неговата критика.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија. Покрај Премиерот Заев, воведни обраќања имаа и Томас Арнлоднер, извршен директор на А1 Телеком Австрија Групација и член на одборот на Виенскиот економски форум, како и Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика.

Заблагодарувајќи им се на сите инволвирани што годинешниот Виенскиот економски форум се одржува за разгледување на инвестициските можности исклучиво во Северна Македонија, Заев истакна дека Австрија е силен сојузник на Северна Македонија во евроатлантската интеграција.

Заев истакна дека во изминатите 10 години Австрија беше најголем инвеститор во Северна Македонија со 392,2 милиони ЕУР што изнесува 13,2% од вкупните странски директни инвестиции во државата. Тој во воведното обраќање зборуваше за успешно спроведенетите претседателски избори, како и за Договорот од Преспа, којшто е решение на огромен проблем, а којшто резултираше со продлабочување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Грција.

Говорејќи за реформите коишто се во тек, Заев се осврна на судските реформи, реформите во безбедносниот систем и јавната администрација, како и борбата против корупцијата, коишто остануваат врвен приоритет во работењето на Владата.

„Во периодов од 22 месеци откако актуелната Влада дојде на власт, ние ја вративме демократијата и функционалните демократски институции од она што до неодамна беше заробена држава“, рече Премиерот Заев и додаде дека „тие приоритети се идентични со нашата пристапна агенда за ЕУ“. Република Северна Македонија нема друга алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО – повеќе од 75% од населението ги поддржува таквите аспирации“, потенцираше Заев.

„Денес сме подготвени и политички и институционално. Ние цврсто веруваме дека заслужуваме одлука заснована на заслуги и веруваме дека и ЕУ ќе испорача“, додаде премиерот.

Понатаму, тој посочи дека 2019-та година дека ќе биде година на економијата, како продолжение на економскиот напредок од минатата година.

„Во 2019 година, имаме натамошен раст на индустриско производство од 8,8% во производство, што главно се должи на производството на машини, возила, пијалаци и основни метали. Успеавме да ја намалиме невработеноста под 20% откако сме во Владата. Економскиот раст во 2018 беше 2,7%, по раст од 0,2% во 2017 година. Извозот во првите 3 месеци од 2019 година се зголеми за 16,8%“, истакна Заев.

Пред бројните австриски компании и бизнисмени Заев го изрази своето очекување дека ова лето Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите, бидејќи како што рече премиерот Заев земјата и покажа на цела Европа како преку дијалог и соработка се решаваат долгогодишни проблеми.

„Нашата земја има поизитивен импакт и на целиот регион. Сега Северна Македонија е единствената земја во регионот којашто нема отворени прашања со ниту еден сосед. А кога постои договор следат и економските резултати“, истакна премиерот Заев.

Тој исто така додаде дека и натаму Република Северна Македонија ќе биде пример за целиот регион, дека земјата и натаму ќе биде сигурна и стабилна, земја којашто се грижи и на инвеститорите им нуди соодветни услови за развивање на својот бизнис.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан на отворањето на Виенскиот економски форум истакна дека политичката стабилност на Северна Македонија е најдобра во регионот, а уште еден доказ за тоа, како што подвлече Еврокомесарот Хан беа успешно спроведените претседателски избори. Во таа насока еврокомесарот Хан ги охрабри компаниите од Република Австрија да инвестираат во нашата земја, бидејќи како што рече тоа значи поголем профит за земјата и отворање на нови работни места. Адресирајќи го напредокот на Република Северна Македонија во сите сфери, Еврокомесарот Хан го изрази своето очекување земјата да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија и до крајот на оваа година да бидат отворени и првите поглавја.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манчевски:Мора да ја подобриме сликата за функционирањето на јавната администрација

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на 11-тата конференција за човечки ресурси, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Како што подвлече министерот Манчевски, управувањето во човечкиот и интелектуалниот капитал, е од голема важност за следење на глобалните процеси и трансформацијата.

„Користењето на интелектуалниот потенцијал се овозможува преку креирање на соодветни структури и изнаоѓање на решенија кои ќе одговорат ефикасно на предизвиците. Во МИОА, свесни за важноста и улогата што ја имаат вработените во секторот човечки ресурси за поставување на основата за функционален јавен сервис, активно работиме на развој и унапредување на оваа професија. Постојат многу искуства кои јавниот сектор може да ги искористи од приватниот. Не се така едноставно применливи, но цврсто верувам дека ќе ја подобрат работата и на јавниот сектор. Во таа насока, во тек се подготовки за измени на ЗАС и ЗВЈС, кои на јавноста ќе и бидат презентирани на крајот на јуни“, истакна министерот Манчевски.

Осврнувајќи се на активностите кои МИОА, ги презема во контекст на развој на професијата човечки ресурси, тој зборуваше за мрежата за човечки ресурси и новата веб платформа за подобрена соработка и комуникација.

„На крајот на минатата година, ја реафирмиравме мрежата за управување со човечките ресурси. Мрежата претставува платформа за комуникација, координација и соработка. Целта е администрацијата да биде поблиску до граѓаните. Исто така, мрежата има за цел да обезбеди поддршка на политиките за обезбедување на еднакви можности за вработените во јавниот сектор. Сите сме свесни за критиките кои се адресираат на вработените во јавната администрација. Наша заедничка цел мора да биде да ја подобриме сликата што јавноста ја има за начинот на којшто функционира јавната админстрација. Работата на одговорните за човечките ресурси, е од особено значење во тој процес. Особено кога зборуваме за подобрување на испораката на услугите до граѓаните“, рече министерот Манчевски.

На крај тој ја потенцираше важноста од соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, за развој на секоја област и професија. Само заедно може да обезбедат општоприфатени стандарди за работа, кои ќе придонсат за поквалитетна и поефикасна соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјава

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија47 минути

Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа...

Македонија2 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на...

Европа3 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион3 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech3 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа21 час

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија23 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија23 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Досие