Македонија
23-годишно момче почина од коронавирус, потврдени 722 нови случаи
Во последните 24 часа од коронавирус починаа 26 лица, меѓу кои е и 23-годишно момче од Крива Паланка, информира Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на Ковид-19 од кои најмногу во Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42.
Во Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .
Регистрирани сe 574 оздравени пациенти.
Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5 починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г), Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).
Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ле Пен: Европа на Макрон е илузија без потпора во реалноста
Пратеничката на француското Национално собрание, Марин Ле Пен, остро ја нападна политиката на претседателот Емануел Макрон, велејќи дека неговата визија за Европа нема основа во реалноста, според француските медиуми.
За време на нејзиното обраќање во парламентот, Ле Пен оцени дека она што го изградил Макрон „не е ниту европски суверенитет ниту европско партнерство“, туку само политичка илузија.
Таа рече дека станува збор за „Потемкиново село каде што нашите индустриски лидери, за да избегнат незадоволство, повремено се преправаат дека веруваат дека невозможното е можно, ирационалното е рационално, а неразумното е разумно“.
Според неа, таков модел на управување „неизбежно се крши од ѕидот на реалноста“, бидејќи не се потпира на економските и стратешките капацитети на Франција.
Ле Пен додаде дека дополнителните трошоци за странски операции, како и помошта за Украина, не биле придружени со потребните финансиски средства. Затоа, како што предупреди, овие активности се финансираат на сметка на француските вооружени сили, што на долг рок ги загрозува безбедносните и одбранбените способности на земјата.
Фото: депозитфотос
Македонија
Перински: Спроведени процеси од исклучителна стратешка важност што ја менуваат реалноста на локалната самоуправа
Денеска се одржа седмата по ред Годишна конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“, која веќе традиционално ги обединува сите засегнати страни секоја година, служејќи како платформа посветена на постојано подобрување на процесот на децентрализација, според Министерството за локална самоуправа.
Оваа година, додаваат од таму, е од особено значење, бидејќи конференцијата се одржува во присуство на неодамна избраните градоначалници, кои носат нова енергија, визија и очекувања за унапредување на локалниот развој.
„Нескромно сакам да кажам дека резултатите на локалните избори се потврда на Владината политика за силна поддршка на општините што ја започнавме уште на почетокот на владиниот мандат. Ако направиме ретроспектива на изминатиот период, јасно е дека зад нас стојат процеси од исклучителна стратешка важност, процеси што ја менуваат реалноста во областа на локалната самоуправа и создаваат основа за долгорочен развој.“ истакна Перински.
На настанот еден од говорниците беше и Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој во своето обраќање ја истакна важноста од забрзување на дигиталните процеси. „Кога зборуваме за децентрализација, не зборуваме само за пренос на надлежности и ресурси. Зборуваме за тоа како на граѓаните да им обезбедиме брза, едноставна и предвидлива услуга, без разлика дали живеат во Центар на Скопје или во најмала рурална општина.“ изјави Андоновки.
Во изминатите години, Владите на Швајцарија и Шведска претставуваат најзначајните партнери и поддржувачи на процесите на децентрализација и одржлив локален развој.
Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер во воведното излагање истакна дека „Локалните самоуправи, бидејќи се најблиску до луѓето, се во најдобра позиција да ги прилагодат јавните услуги за да ги задоволат потребите на заедницата, поефикасно да ги распределат ресурсите, да го поттикнат локалниот приватен сектор и да поттикнат активно граѓанско учество. Децентрализацијата е во срцето на швајцарскиот политички систем и, имајќи го предвид нашето искуство, соработуваме со Северна Македонија во рамките на нашата програма за соработка, за понатамошно подобрување на децентрализираното управување.“
Амбасадорот на Шведска Ола Сулстром, ја истакна важноста на пренесените надлежности на општинско ниво да бидат проследени со соодветно финансирање и технички капацитет. Тој се осврна на шведската техничка поддршка преку која општините успеаа да мобилизираат речиси 15 милиони евра за инвестиции во инфраструктурата. Воедно, изрази надеж дека со напорите на Министерството за локална самоуправа да ги институционализира алатките со кои се постигнаа овие резултати ова ќе биде само мал дел од целосниот потенцијал на проектот.
Конференцијата е организирана од страна на Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и поддржана од Швајцарската Влада.
„Нашата посветеност на локалната самоуправа е очигледна во опипливите резултати кои произлегуваат од проектите кои ги имплементираме со сите општини во земјата, во текот на повеќе од 20 години, благодарение на нашите донатори како Швајцарија и Шведска и соработката со Министерството за локална самоуправа“, изјави Ана Чернишова, заменичка на Постојаниот претставник на УНДП.
Презентација на тема „Ретроспектива на тековните ангажмани и планот за иднината на локалната самоуправа“ имаше државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Јулијана Павковска Боцевска, која истакна дека „Во изминатата година покажавме силна волја и посветеност за реализација на клучни промени во насока на унапредување на локалниот развој. Побаравме применливи меѓународни практики кои веќе ги имплементираме. Низ широк инклузивен процес, со вклученост на сите засегнати страни, сите активности на министерството ги димензиониравме како одговор на потребите и барањата на граѓаните.“
Преку две панел сесии и четири презентации се отвори дискусија на суштински теми – видици за унапредена децентрализација и локално управување и надградба на локалниот развој преку иновативни и квалитетни услуги за граѓаните, годишниот извештај за финансирањето на општините за 2024 година, истражување за задоволството на граѓаните од локалните услуги за 2025 година и платформата за интероперабилност – со учество на градоначалници, општински советници, претставници на администрацијата, експерти и практичари.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај за 5,5 милиони денари, ЈО веднаш да постапи
Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари.
Спасовски спротивно на законските обврски, не донел решение за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед во Сарај, иако надлежната организациска единица доставила предлог за истото. Со ова, над 5,5 милиони денари биле слеани во фирмата со одобрение на Оливер Спасовски, противзаконски, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашува што се крие и зошто Спасовски не постапил за одземање на овластувањата на техничкиот преглед во Сарај.
„Дали зад заштита на Спасовски стои нешто друго?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на истиот овој технички преглед? И колку од нив немало да поминат на друго место“.
Оливер Спасовски, оценува Манасиевски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата.
Го повика ЈО да постапи веднаш.
„А што се однесува до СДС, наместо оградување и дистанцирање од криминалите на лица како Спасовски, тие повторно ги бранат криминалите на нивните поранешни владини, а сегашни партиски функционери.
Како тргнала работата, во СДС нема еден чесен политичар да остане“.

