Македонија
Георгиевски ќе прифати дуел со Стојменов, само ако бидат јавно објавени кодошите
Кога Комисијата за лустрација официјално ќе ги соопшти имињата на пратениците за кои е водена постапка, тогаш може да се разгледа и да се прифати предлогот на Борис Стојменов за ТВ дуел со Љубчо Георгиевски, велат од ВМРО – Народна Партија.
Кога Комисијата за лустрација официјално ќе ги соопшти имињата на пратениците за кои е водена постапка, тогаш може да се разгледа и да се прифати предлогот на Борис Стојменов за ТВ дуел со Љубчо Георгиевски, велат од ВМРО – Народна Партија.
Од партијата велат дека ќе бараат да се направат измени во Законот за лустрација, односно таа да важи до денес и имињата на оние за кои ќе се утврди дека соработувале со тајните служби јавно да бидат објавувани.
„Ние ги поддржуваме и бараме да се направат измени во законот. Прво за да може лустрацијата да ги опфаќа сите до денес што биле и што моментално се на некакви функции и второ нивните имиња јавно да бидат објавени“, рече Никола Тасев, директор на центарот за комуникации на ВМРО-НП
Тасев рече дека ќе инсистираат процесот на лустрација да не завршува, туку со измените да бидат повторно лустрирани и оние кои веќе го поминале тој процес./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

