Македонија
Груевски: Имам право да ги коментирам одлуките на судот

Пратеничката Цветанка Иванова на денешната седница за пратенички прашања го обвини премиерот Никола Груевски дека ги коментирал одлуките на Уставниот суд, на што Премиерот одговори дека ги спроведува, но и оти има право да го каже своето мислење за работата и одлуките на судот
„Владата ги спроведува сите одлуки на Уставниот суд и овозможуваме максимално добри услови за тој нормално да функционира и да одлучува, но како и секој граѓанин на Макеоднија имам право да го дадам сопственото мислење за секого, вклучително и за работата и одлуките на судот“, одговори Груевски.Тој рече дека една работа е да се спроведуваат одлуките, а друга работа е да се каже сопственото мислење.„Тоа е мое уставно загарантирано право за јавно искажување на мислата и слободата на говорот и во тој контекст не можам да го разберам вашето инсистирање веќе подолго време да не смееме да си го искажеме сопственото мислење“, рече Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)