Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Да не се злоупотребуваат националните празници за партиски цели
ВМРО-ДПМНЕ изразува почит кон борците од народно ослободителната војна, кон сите борци кои се бореа и ги положија своите животи за слободата на Македонија, рече на прес-конференција членот на Извршниот комитет на владејачката партија, Гордана Јанкулоска
Честитајќи го празникот 11-ти Октомври, кој, како што истакна Јанкулоска, е ден на кој се сеќаваме на Народно ослободителната борба и несебичната жртва на сите херои за светиот идеал за слободна и суверена Македонија, како темел за македонската самобитност.„Ова е ден во кој треба да се потсеттиме дека само единствени и сплотени можеме да ги оствариме вековните стремежи и идеали на нашиот народ. Поделбата и поставувањето на партиските интереси и цели пред интересите и стратешките цели на Република Македонија не е добро за развојот на државата“, посочи Годрана Јанкулоска.Според Јанкулоска, поделбата на националното и државно ткиво е нужна потреба на политички партии и концепти кои во суштина немаат што да им понудат на граѓаните. „Жалиме што денес го гледаме тоа. Жалиме што денес има партии кои одлучија и на ваков ден, државен и национален празник, да ги делат граѓаните по политички линии“, додаде министерката за внатрешни работи денска во својство на претставник на Изршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Како што рече Јанкуловска, владејачката партија ги осудува обидите за злоупотреба на 11-ти Октомври за партиски цели. „ВМРО-ДПМНЕ им се придружува на сите реакции на граѓаните, на партиите, на Сојузот на борците, на бранителите, кои одеа во насока на неприфаќања на желбата за злоупотреба на овој празник“, нагласи Јанкулоска.„За ВМРО-ДПМНЕ, политичката култура и политичкиот капацитет на една земја, се цени и од аспект на атмосферата која ја креираат заедно и опозицијата и позицијата. Заедничкиот напор и активниот ангажман на сите политички субјекти и чинители, се критериуми за оценка на демократијата на државите“, рече Јанкулоска.Таа во иемто на партијата апелира политичката дебата да се одвива со аргументи, да постои борба на програми и предлози кои ќе го подобрат животот на граѓаните.„ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе стои во одбрана на демократијата и демократските вредности, затоа што тоа е она што го бараат граѓаните. Тоа е она што и треба на Македонија“, нагласи Јанкулоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

