Македонија
Шестотини милиони евра поддршка за Македонија од ММФ и СБ
Во Вашингтон македонската делегација предводена од вицепремиерот и минситер за финасии Зоран Ставрески договорила речиси 600 милиони евра поддршка од МЕѓународнито монетарен фонд и од Светската банка
Македонската делегација што ја предводеше заменик-претседателот на владата за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставрески, во Вашингтон престојуваше на годишното собрание на овие две највлијателни финансиски институции, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ).„Македонија беше добро примена од ММФ и од СБ. И двете инстиитуции искажаа задоволство од квалитетот на економските политики и од резултатите што се остварени во кризни времиња, односно зазадравувањето на економијата и задржувањето на стабилноста. И, второ, што е многу важно, и двете институции искажаа подготвеност да и’ помогнат на Македонија во следниот период побрзо да излезе од кризата, побрзо да ја заздрави економијата и да оствариме повисок економски развој. Во таа насока посебно е значајно што двете институции за време на разговорите ветија дека со 600 милиони евра ќе ја помогнат Македонија, од кои ММФ со 400, а СБ меѓу 150 и 200 милиони евра завосно од проектите што ќе се договорат“, ја цитира изјаватата на вицепремиерот Ставрески, агенцијата МИА.Кога станува збор за поддршката од ММФ, која беше соопштена во саботата, Ставрески нагласува дека со ова Македонија ја добива можноста да стане првата земја што ќе ја добие ткн. отворена кредитна линија, којашто ја дава ММФ на земји кои имаат силни и здрави економски политики, и претставува верификација на квалитетот на тие политики.„Во следниот период останува да ги разговараме деталите околу таа кредитна линија и со експертската јавност и со бизнисмените да отвориме разговор околу тоа дали е добро за Македонија во оваа фаза да ја земе таа кредитна линија“, изјавил вицепремиерот Ставрески. Со СБ е разговарано за дефинирање на кредитите и проектите што ќе бидат финансирани во првата година при што приоритет ќе имаат енергетските проекти. Тука е влезен проектот од енергетскиот сектор за далекуводот кон Србија и буџетската поддршка од 30 милиони американски долари, како и еден помал проект за осигурување. Во следниот период веќе е искажана подготвеност од страна на Банката за финансирање на браната Луково Поле, за што македоснакат влада ќе почне со изработка на целокупната документацијата за побрзо да дојде до реализација на тој проект, рекол Ставрески којнајавил и други проекти.Ставрески откри и дека на разговорите со Меѓународната финансиска корпорација било разледана можноста за нивно поголемо учество во приватниот сектор. Вицепремиерот искажувајќи задоволство од приемот на Република Македонија и искажаната подготвеност на најголемите финансиски институции да бидат нејзин партнер следните неколку години за доброто на македонската економија, Ставрески дополнува дека деталите за проектите и поддршката најавена од ММФ и од СБ ќе бидат договорани за време на редовните мисии на двете светски финансиски институции веќе во ноември, кога во Македонија доаѓаат шефот на Мисијата на ММФ Вес Мекгру и на СБ Џејн Армитаџ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

