Македонија
Законот за прислушување не е во надлежност на МВР
Законот за електронски комуникации или попознат како закон за прислушување, за којшто во средата беше поведена постапка пред Уставниот суд, не е во надлежност на Министерството за внатрешни работи, рече министерката Гордана Јанкулоска
„Уставниот суд оценувал одредби од Законот за електронски комуникации, кој не е закон од надлежност на МВР, туку е закон предложен од министерството за транспорт и врски и сосема природно, МВР ниту има ингеренции, миту има компетенции да оценува закон предложен од друг ресор. Веруваме дека надлежното ресорно министерство ќе се изјасни кога ќе ја добие одлуката на Уставниот суд“ вели Јанкулоска. Министерството за внатрешни работи постапувало единствено по закони во надлежност на министерството, Законот за полиција, Законот за внатрешни работи и Законот за следење на комуникациите, кои пропишуваат дејствување по судски налог. „Укинувањето или поништувањето на одредби од други закони, кои не се во наша надлежност не влијае на квалитетот и динамиката на работењето на МВР. Во принцип ние сме обврзани без разлика на содржината на некои други закони што се предмет на работа на другите институции да постапуваме по законите кои ја регулираат нашата работа. Нашите закони налагаат исклучиво постапување по судски налог“ рече Јанкулоска. И вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, тврди дека сите видови на контрола кои се спроведуваат во МВР се во согласност со законските прописи и покрај забелешките на советот на Европа за недоволна демократска контрола на службите кои работат во МВР. „Сите видови на контрола кои се спроведуваат во министерството за внатрешни работи се согласно сите законски прописи кои што важат овде. Советот на Европа редовно доставува извештаи, како и други меѓународни организации и мислам дека Македонија стои многу подобро отколку што тоа било случај во минатите години, не велиме дека ситуацијата на ова поле и на било кое друго поле е совршена, има уште многу активности кои што треба да се спроведат, но она што е значајно за нас е дека се спроведуваат реформите и дека одиме напред“ изјави Наумовски. Уставниот суд вчера поведе постапка за пет члена од Законот за електронски комуникации и со ова МВР не може да прислушува без судски налог. Според судиите законот и дава неограничено право на полицијата да прислушува кого сака, колку сака и кога сака, со што овој закон директно навлегувал во приватноста на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

