Македонија
Пердју: Прашањето за името не е сериозно сфатено
Поранешниот американски дипломат Џејмс Пердју, смета дека Европската Унија и САД треба посериозно да му пристапат на спорот со името и поактивно да се вклучат во негово решавање
„Сметам дека прашањето не е доволно сериозно сфатено од тсранба на Брисел и на Вашингтон. Оставено е на Скопје и на Атина. Не гледам дека сега процесот се движи нанапред“, рече изјави поранешен амбасадор на САД и посредник во разговорите за Рамковниот договор од 2001 г Џејмс Пердју при неговото обраќање во четврток на универзитетот ФОН.Објаснувајќи го ваквиот став што го изнесе во вторникот на 75-от. РОС-РОТ семинар во Скопје, тој додаде дека прво треба да се препознае ова сериозно прашање од страна на ЕУ и САД и да започне да се зборува како меѓународната заедница може да помогне.„Го имате медијаторот на Обединетите нации, амабсадорот Метју Нимиц, кој работи на ова веќе подолго време. Тој би можел да има соодветно решение, но дали има меѓународнa поддршка да оди во Скопје и во Атина, и тоа да резултира со некаква конечна разврска. Не мислам дека е така. Ова е мое лично мислење“, нагласи Пердју.Големата штета од нерашавањето на спорот е веќе сторена, бидејќи Македонија не е членка на НАТО и не ги започна преговорите за влез во Европдската Унија, а тоа влијае и врз економските параметри на државата.„Додека не се реши спорот со името, Македонија нема да влезе во НАТО“, беше дециден Пердју, при одговорот на прашање на студентите на ФОН. Тој додаде дека Македонија е прва држава што ги исполнила критериумите, но која со политичка одлука не е примена во НАТО. Според Пердју,на самитото во Букурешт, членството на Македонија беше блокирано.Пердју додаде и дека е оптимист кога станува збор за Македонија. „Имате етничка заедница посветена на Македонија како држава. Има голем потенцијал тука“, заклучи Пердју зборувајќи за Рамковниот договор, додавајќи дека забележал многу голема разлика од ноември 2001 г., кога последен пат бил во Скопје
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

