Македонија
МВР ќе ги вештачи досиејата доколку биде побарано
Министерството за внатрешни работи ќе направи вештачење на досиејата кои се појавија, доколку тоа биде побарано од министерството, изјави министерката Гордана Јанкулоска
„До овој момент не сме добиле ништо конкретно за да може да дадеме оценка по однос на тоа дали имаме капацитет и во колкав рок може тоа да го направиме. Инаку МВР располага со лабораторија за крим техника, која е една од најсовремените во регионот, меѓу другите работи, таа е исто така е дел од еден проект финансиран од ЕУ. Проектот беше за подобрување на условите и опремата со кои работат форензичарите во МВР, меѓутоа јас не би сакала да давам никакви оценки и квалификации за нешто што се уште не сме го виделе односно нешто за кое што не е побарана никаква активност од нас, а во принцип не е прашање по кое се постапува по службена должност“ изјави минситерката Гордана Јанкулоска. Професорот Шпенд Дехапи – Љуши на лустраторите им достави документи од досиеја за тројца високи функционери на ДУИ. Сега треба да се испитува нивната веродостојност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

