Македонија
Македонците во Србија побараа од Иванов да им помогне политички да се вклучат
Претставниците на Националниот совет на македонското малцинство во Србија денеска од претседателот Ѓорге Иванов кој е во официјална посета на Белград побараа да го искористи својот политички авторитет за да влиjае Македонците да добијат политичко учество во српската држава
„Побаравме поактивно претседателот да се вклучи во тој процес, за да ни помогне на Македонците кои сме овде да го освоиме и тоа поле и да бидеме политички имплементирани во Србија“, изјави претседателот на Националниот совет, Борче Величковски, по средбата со претседателот Иванов во македонската амбасада во Белград.Законски, малцинствата во Србија може да учествуваат во управата во четири области, односно во образованието, културата, употребата на македонскиот јазик и писмо и информирањето.Посебен акцент во разговорите бил ставен на активностите за пописот во 2011 г. во Србија, во насока на спречување на падот на официјално регистрираните Македонци во оваа држава при пописите во 1991 и 2002та.„Во пресрет на пописот ние веќе интензивно работиме изминатиов период. Националниот совет покрена иницијатива за менување на пописното ливче во Србија кое внесуваше забуна. Нашата иницијатива беше прифатена и од другите Национални совети во Србија, па и од српската влада и тоа беше изменето“, изјави Величковски.Според последните пописи официјално се евидентирани двапати помалку Македонци.Поради тоа Величковски најави и интензивни активности на Советот за анимирање и охрабрување на Македонците за национална определба во Србија во местата кај што се најбројни.„Сега сигурно ќе ни треба создавање на здрава стратегија за пописот која ќе ја имплементираме во наредните шест месеци до самиот ден на пописот“, изјави Величковски.Тој посочи дека акцент ќе се стави кај помладата популација за да се спречи природната асимилација.Апелираше што поскоро да се формира меѓудржавната комисија со која ќе се овозможи примена на спогодбата меѓу Македонија и Србија во делот на заштитата на малцинските права. Заседавањето на таа комисија, според Величковски би овозможило конкретни активности и поголеми резултати во сите области преку кои се негуваат идентитетот и културата на Македонците.Меѓу другото побарале и што поскоро реализирање на иницијативата од пред година и половина, за изградба на македонски дом во Војводина и српска куќа во Скопје.Претседателот Иванов денеска го посети и фармацевтскиот погон на Алкалоид во Белград.Иванов при посетата на капацитетите на подружницата Алкалоид АД Скопје во Белград, една од 13-те што ги има компанијата, се запозна со производствените капацитети и високите стандарди за работа што се применуваат.Дозволата за производство во подружницата во Белград Алкалоид ја доби во септември годинава.Вкупната инвестиција е 750 илјади евра.Претседателот Иванов дводневната официјална посета ќе ја заокружи со средбата со претседателот на Српската народна партија Томислав Николиќ и посетата на факултетот за Политички науки во Белград.Вчера, македонскиот претседател имаше средби со неговиот српски колега Борис Тадиќ, како и со српскиот премиер Мирко Цветковиќ и претседателката на Народното собрание на оваа држава Славица Ѓукиќ-Дејановиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

