Македонија
Ставрески: Буџетот за 2011 е инвестициски и развоен
Буџетот на Република Македонија за 2011 година ќе изнесува две милијарди и 591 милиони евра, со проектиран дефицит од 2,5 отсто
Министерството за финансии за буџетот за следната година најави дека ќе биде повисок за 6,8 проценти од претходната и го претстави како инвестициски и развоен со досега најголем износ на планирани капитални инвестиции.. Министерството за финансии за буџетот за следната година најави дека ќе биде повисок за 6,8 проценти од претходната и го претстави како инвестициски и развоен со досега најголем износ на планирани капитални инвестиции.Како што рече на прес-конференција во петок вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, приходите во предложениот Буџет се за 6,6 отсто повисоки во однос на оваа година, а расходите за 6,8 проценти. Дефицитот останува на контролирано и ниско ниво во вакви околности од 2,5 проценти од БДП, и како што истакна, со тоа Македонија и во 2011 г. ќе биде една од земјите во Европа која ќе има еден од најниските дефицити на Буџетот.Ставрески нагласи дека Буџетот за 2011 г. е проектиран инвестициски и развоен. Причина за тоа, како што појасни, е зголемувањето на капиталните инвестиции за 29 отсто, поточно за 5.147 милијарди денари.„Додека Буџетот за 2010 г. беше проектиран за стабилизација на економијата, овој за 2011 г. може да се каже дека е инвестициски и развоен“, рече министерот Ставрески. Во овие 20 години на историја на Република Македонија како независна држава, никогаш во ниедна година капиталните инвестиции во Буџетот не биле планирани на вака високо ниво и никогаш не биле зголемени за 29 отсто во однос на претходната година“, дополни министерот за финансии.Како што рече Ставрески, зголемувањето на капиталните инвестиции се базира врз порастот на економијата и очекуваниот пораст на приходите, каде најголем дел од тоа зголемување на приходите наместо да биде насочено за плати, пензии и други категории, годинава Владата го насочува кон инфраструктурни проекти.Зголемување кај инвестициите има во сите сектори, во транспортот, здравството, образование, а ќе бидат обезбедени и дополнителни средства за субвенции во земјоделството.Зголемувањето на инвестициите за Агенцијата за државни патишта зинесува 7,6 отсто,а транспортниот дел ќе добие 850 милиони денари повеќе од годианва. Предвидена е изградба на магистрални и регионални патни правци, патниот правец од Коридорот 10, локални патишта, железничката инфраструка, водоснабдителни и канализациски системи.Здравството добива најмногу дополнителни средства кои се за 1,8 милијарда денари повеќе од годинава. Во делот на здравството се предвидуваат инвестиции за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи, набавка на медицинска опрема, имплементација на интегриран здравствен систем, изградба на дијагностички центар во Тетово и сл.Образованието добива 1,783 милијарда денари повеќе од 2010 г. Во образованието инвестициите ќе бидат концентрирани на изградбата и реконструкцијата на основни и средни училишта, изградба на училишни спортски сала, реконструкција на ученички и студентски домови, и нивно опремување, како и реконструкција на универзитетите. Во областа на социјалната и детска заштита предвидено е реконструкција и изградба на детски градинки и социјални институции. Министерот Ставрески изјави дека тековните расходи ќе бележат порст од 3,9 отсто, при што платите се одржуваат на непроменето ниво со пораст од 1,9 проценти. Кај трансферите порастот е 3,8, кај стоките и услугите 6,8 отсто.Министерот нагласи дека се обезбедени доволно средства за исплата на платите, пензиите и социјалните надоместоци, како и дека се обезбедени дополнителни 15 милиони евра за субвенции во земјоделството, со што вкупниот износ за 2011 г. ќе биде 115 милиони евра. Ставрески додаде и дека не се предвидени нови вработувања и дека ќе има дисциплина во вработувањата, освен за вработувањата во сферата на евроинтеграциите и за спроведувањето на Рамковен договор, а платите на администрацијата нема да се зголеми. Финансирањето на дефицитот, рече Ставрески, ќе се прави во прв ред од странски извори, односно од користење извори од меѓународните финансиски институции, каде покрај буџетска поддршка предвидено е и користење средства за конкретни проекти. Во однос на понудената кредитна линија од ММФ, министерот Ставрески рече дека во зависност од одлуката на Владата за користење на средствата, во процесот на носење на Буџетот меѓу првата и втората фаза, ќе може да се допрецизира каква ќе биде комбинацијата на надворешните извори на финансирање.„Тука се можностите за издавање еврообврзница или доколку состојбите на пазарот на капитал не се адекватни и не се во согласност со очекувањата тогаш како осигурување би го имале кредитот од ММФ, сепак тоа не може да се прејудицира во оваа фаза додека Владата не донесе одлука во однос на тоа прашање“, истакна Ставрески.Тој додаде дека со Предлог-буџетот не е предвидено домашно задолжување.„Во делот на финансирање од домашни извори појдовната наша позиција е на нето основа да нема дополнителни повлекувања на средства. Тоа значи само би се враќале средствата што се по издадените постојни обврзници, појасни министерот Ставрески и додаде дека она што сега е како проекција во буџетот подразбира нула домашно задолжување“, значи да нема зголемување.За наредната година предвиден е раст на БДП од 3,5 проценти и инфлација до 3 проценти.„Порастот на економската активност за следната година се очекува да биде повисок отколку оваа врз основа на фактори кои се од екстерна и од домашна природа. Во однос на екстерните пред се се очекува заздравувањето на европската економија која почна оваа година и која што се одвива со подобра динамика отколку предвидувањата да помогне да го повлече растот и на македонската економија и очекуваме овој забрзан раст во втората половина на оваа година да се пренесе во следната година и да помогне македонскта екномија да оствари повисока стапка на економски раст врз основа на зголемена побарувачка на македонските производи“, рече Ставрески, додавајќи дека се очекува извозот да расте со стапка од 10,5 отсто, а увозот со стапка од 9,5 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

