Македонија
Наумовски: Очекуваме објективен Извештај од ЕК
Се наоѓаме непосредно пред добивањето на Извештајот за напредокот на земјата. Ние очекуваме тоа да биде еден објективен извештај каде сите активности ќе најдат свое место, рече вице-премиерот Наумовски на седница на Националниот совет за евроинтеграции
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во петок изрази очекување дека Македонија ќе добие што е можно повеќе насоки за активностите кои ќе следат по добивањето на овој Извештај со цел подобро да продолжи целокупниот процес за хармонизација на македонското законодавство со европското и дека Собранието и натаму ќе продолжи да дава придонес во тој процес и во наредниот период. Презентирајќи ја информацијата за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ за периодот од 1-ви јули до 30 септември годинава подготвена од Секретаријатот за европски прашања Наумовски истакна дека од вкупно 106 закони предвидени за усвојување за 2010 г , Владата ги подготвила текстовите на 87 закони, а готови се и дополнителни осум кои се одговор на некои од минатогодишните забелешки, односно подготвени се 95 закони.Додаде дека и во последниот квартал, кој е предмет на оваа Информација, се забележува позитивниот тренд во донесувањето на законите. Опозицијата обвини дека Извештајот става „розова завеса“ на она што е досега сработено, наспорти она што реално се случува во Македонија. Андреј Жерновски од ЛДП рече Македонија е на дното на агендата на ЕУ, затоа што ЕУ е на дното на агендата на Владата. „Ќе се согласам дека најголемиот проблем е блокадата од Грција, но ние ништо не сме направиле во оние полиња кои ни беа сугерирани како слаби позиции во минатогодишниот Извештај“, рече Жерновски. Владејачките партии сметаат дека информацијата за усогласувањето со европското законодавство е добра и содржајна и во неа се прифатени забелешките од собраниските комисии и Националниот совет за евроинтеграции за начинот на кој се изнесуваат фактите во неа. Процесот на евроинтеграциите сметаат дека е блокиран поради наметнатиот спор за името од страна на Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

