Македонија
Бучковски не дојде на судење
Во Основниот суд 1 во Скопје денеска се одложи второто рочиште од повторениот судски процес против поранешниот премиер Владо Бучковски
На денешното рочиште не се појави токму Бучковски. Писмено ја известил судиката и телефонски адвокатот, дека за денешниот ден е планиран да биде главен говорник на опозицијата на Собрание. Во поднесокот навел дека ќе се дискутира за Законот за кривична постапка за кој се поднесени повеќе амандмани кои Бучковски треба да ги образложи. Судијката се налути и кажа дека за Бучковски побитно е да дојде на судење. Таа ги опомена сите дека ако повторно дојде до ситуација да одлага претрес ќе примени поригорозни мерки, а тоа според законот е притвор за обвинетите. Бучковски е обвинет за малверзации со набавка на тенковски делови во Министерството за одбрана. Тој пред две години беше осуден на три и пол годишна затворска казна која Апелациониот суд ја укина. Предметот е на повторно судење но не во организиран криминал туку во обичен. Претходниот пат судењето се одложи оти не дојде директорот на МЗТ ФОП Митре Петковски. Неговиот адвокат го оправда без медицинска документација. На судиката и кажа дека по телефон бил информиран дека на Петковски има проблеми со чирот. И она овој судски процес беа присутни претставници на Коалицијата за правично судење и претставници од американската амбасада. Пред две години беше донесена осудителна пресуда со која екс министерот Бучковски беше осуден на 3 и пол години затвор за набавка на прекумерна количина резервни делови за тенкови. И поранешниот началник ја Методиј Стамболиски доби истата казна. Двајцата логистичари во одбраната Ацо Ѓурчевски и Нелко Менкиновски, но и директорот на МЗТ ФОП Митре Петковски, беа осудени на тригодишни казни затвор. Осудените беа задолжени и солидарно во буџетот да вратат 2,4 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

