Македонија
Средба Груевски – Кантримен
И покрај блокадата од Грција на евро-атлантските интеграции на Македонија, Владата продолжува посветено да работи на исполнување на реформите и е посветена на изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името, нагласил македонскиот премиер на средбата со американскиот заменик-државен секретар
Едно од централните моменти на разговорот на средбата меѓу мекдонскиот премеир Никола Груевски и заменик-државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Томас Кантримен беше прашањето за македонските итнерграции во евроатлантските структури. Притоа од стрна на премиерот Груевски било повторено дека Република Македонија е посветена на наоѓање решени од наметнат од Република Грција, што се води под покровителство на ООН.Македонскиот премиер Груевски и заменик-помошникот на американскиот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Кантримен заклучија дека од страна на двете држави и влади постои силна посветеност за натамошно продлабочување на соработката, што претставува солидна основа за натамошно градење на билатералните односи во повеќе области од заеднички интерес Премеирот Груевски го информирал својот соговорник дека главни приоритети во надворешната политика на Република Македонија се интеграцијата во ЕУ и НАТО. Во таа насока Груевски истакнал дека партнерскиот однос со НАТО се потврдува со учеството на Република Македонија во меѓународните мировни мисии, при што посочи дека бројот на припадниците на македонскиот контингент во мисијата на ИСАФ во Авганистан изнесува 250 лица. На средбата претседателот Груевски ги презентирал и конкретните чекори и политики што се спроведуваат во делот на реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и справувањето со последиците од светската економска криза, при што истакна дека таа реформска ориентација на Владата дава конкретни резултати кои се позитивно оценети од повеќе реномирани меѓународни институции и организации, за што како илустрација го посочи последниот извештај на Транспаренцѕ Интернатионал за Индексот за перцепција на корупцијата за 2010 г. во кој е забележан прогрес на Република Македонија за 9 места во споредба со минатата година, а дека споредено со 2006 г. прогресот е 43 места нагоре.На средбата станало збор и за повеќе аспекти од билатералната соработка меѓу Република Македонија и САД во рамки на Декларацијата за стратешко партнерство и соработка меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

