Македонија
Словенечките консултанти во времето на Црвенковски добиле 340.394 евра
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во времето кога Бранко Црвенковски ја извршувал функцијата, имал склучено договори за соработка, обезбедување развој и истражување со три лица од Словенија, за што се исплатени 340.394 евра, стои во соопштението на Кабиентот на шефот на државата
Според наведеното во соопштението од среда на Кабинетот на Престседателот на Република Македонија, овие податоци се констатирани по досегашните проверки на документацијата која постои во архивата на Кабинетот во врска со случајот „Надеж“,којашто како што се нагласува е извршена согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а по јавно изнесеното барање од Кабинетот на поранешниот претседател Црвенковски и интересот на медиумите за добивање прецизни информации за ангажманот на консултантите од Словенија.„Договорите во име на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија кога Бранко Црвенковски ја извршувше функцијата, се потпишани од страна на тогашниот генерален секретар на Кабинетот. Согласно постоечките договори за ангажманот на консултантите од Словенија, од буџетот на Претседателот на Република Македонија се исплатени финансиски средства во висина од 20.764.057 денари, односно вкупна сума од 340.394 евра, пресметано согласно средниот курс на Народната банка на Република Македонија“, се наведува во соопштението од Кабинетот на македонскиот претседател.На првиот консултант од Словенија, како што се посочува, му се исплатени 8.305.626 односно 136.157 евра, на вториот 5.149.482 денари односно 84.417 евра, а на третиот консултант 7.308.949 денари односно 119.818 евра.Кабинетот на екс претседателот Црвенковски потрошил половина милион евра на ПР?
Реакција на Кабинетот на поранешниот претседател на РМ, Бранко Црвенковски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

