Македонија
Грција го крши меѓународното право
Поранешен амбасадор на Австрија и експерт за Балканот тврди дека македонската дипломатија не ја користи ситуацијата кога сите ја мразат Грција поради кризата околу еврото
Харалд Кочи, поранешен амбасадор на Австрија во Македонија, ја нарече „уцена“ политиката на Грција кон Македонија, во вчерашното интервју за охридската телевизија НТВ.„Суверено право на секоја држава да си го избере сопственото име, согласно меѓународното право. Ниедна земја нема право од друга држава да го избрише или да си го смени името. Јасно е дека Грција го крши меѓународното право, блокирајќи ги македонските евроинтеграции. Политиката на Грција единствено може да се спореди со уцена“, изјавил Кочи.Кочи констатира дека македонската дипломатија не ја искористила можноста да ги убеди членките на ЕУ да престанат да ја поддруваат Грција, во период кога сите биле „шокирани и лути од грчките измами околу еврото“.Дипломатот предупреди да не се брза со желбата за членство во ЕУ, дека Македонија треба добро да ги разгледа сите негативни и позитивни аспекти од членството во ЕУ.„Можеби еден ден ЕУ еден ќе сфати дека Македонија, поради нејзината геостратешка позиција е многу важна за нив. И можеби ќе молат да станете членка под вашето уставно име“ изјавил Кочи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

