Македонија
Јанакиески: Судии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра
Државниот инспекторат за транспорт констатирал дека некои судови во земјата за изречените казни во патниот превоз ги запираат прекршоците поради застареност на делото или целосно ја укинуваат казната со што буџетот е оштетен за повеќе од милион евра
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ги презентираше податоците на Државниот инспекторат за транспорт каде утврдени се 451 одлука во која првостепените студови ги запираат постапките поради застареност за периодот од јануари до септември минатата година. Анализата покажува дека Државните инспектори за патен сообраќај по утврдениот прекршок во рок од 15 до 20 дена поднесувале барања за поведување постапка по што предметите останувале во фиока цели две години и се носеле одлуки за запирање на постапката поради застареност. „Од 451 одлука за застареност за прекршочно гонење може да се констатира дека најмногу одлуки за застареност донеле исти судии во основните судови Охрид, Куманово, Прилеп, но и други градови“, изјави Јанакиевски. Тој истакна дека од направената анализа на овие предмети просечната казна е 2.500 евра , тогаш по овој основ буџетот на Македонија е оштетен за милион и 100 илјади евра. „Само за еден месец дури половина од поведените прекршочни постапки значително се намалуваат на пример за казна од 3.000 евра превозниците плаќале 200 или 50 евра, а има и случаи кога целосно се ослободуваат со изрекување на опомена“, рече Јанакиевски. Министерот за транспорт најави дека направените анализи преку Министерството за правда ќе бидат доставени до Судскиот совет бидејќи е надлежен за работат на судовите и да бидат санкционирани судиите кои не постапиле согласно законските надлежности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

