Македонија
Македонија и Канада се вистински пријатели во вистинско врем
Македонија и Канада имаат одлична политичка соработка којашто треба да се преслика и во економските односи меѓу двете пријателски земји, констатираа првите луѓе на двата парламента, Трајко Вењаноски и неговито домаќин Питер Миликен
„Република Македонија во Канада препознава вистински пријател во вистинско време. Благодарни сме за целата поддршка која Канада и ја дава на Република Македонија, за признавањето под уставното име, за принципиелниот став за зачленување на Република Македонија во НАТО, како и за можноста македонските иселеници да ги уживаат сите права како и сите други граѓани на Канада“, беше констатирано меѓу другото на средбата на претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски со неговиот канадски колега, претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, Питер Миликен.Вељаноски притоа посочи дека Македонија како млада демократска држава е подготвена да учи од држави со вековна демократска традиција и изразувајќи целосна подготвеност да поддржи секаква парламентарна соработка. Исто времено, првиот човек на макеоднскиот парлаемнт нагласи и дека нивото на политичкиот однос меѓу Македонија и Канада треба да се преслика и во областа на економијата.Задоволен, како што нагласи, што може да возврати на македоската гостопримливост која ја почувствувал при посетата на Република Македонија во 2008 г., Миликен искажа задоволство од динамиката со која се одвиваат односите меѓу двете држави, како и од можноста досега воспоставената парламентарна соработка да биде дополнително унапредена како на билатерално ниво, така и во рамките на меѓународните организации.Во среда собраниската делегација предводена од претседателот Вељаноски оствари средби и со членовите на Комисијата за надворешни работи и меѓународен развој на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, со двајца пратеници – парламентарни секретари на министерот за надворешни работи и на министерот за меѓународна соработка на Канада, како и со членовите на Канадско-Европска Асоцијација и членовите на Делегацијата на Канада за Парламентарното Собрание на ОБСЕ.Покрај многуте прашања кои беа отворени на споменатите средби, особено внимание беше посветено на улогата на Република Македонија во мировните мисии на НАТО во Авганистан и нејзината улога во зачувувањето и одржувањето на мирот и стабилноста на Балканот и пошироко. Во таа насока претседателот Вељаноски потенцираше дека Република Македонија иако формално не е членка на НАТО, ги превзема и ги исполнува сите обврски кои ги имаат полноправните членки на алијансата и уште додаде дека и по неповолниот резултат за Република Македонија на Самитот во Букурешт, интегрирањето во НАТО останува наша стратешка определба, истата потврдена со зголемувањето на бројот на војниците во мировните мисии, како и со показателот дека над 80 проценти од македонските граѓани позитивно се изјаснуваат по прашањето за членство во НАТО.Во продолжение на официјалната посета на Канада, македонските пратеници ќе се сретнат со претседателот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела и со министерот за меѓународна трговија на Канада, Питер Ван Лоун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

