Македонија
Уште една казна за кочанскиот полицаец, претходно казнет за давање изјава
Полицаецот Ѓорѓи Николов, од полициската станица Кочани кој беше казнет поради тоа што давал изјава за медиумите без одобрение од старешина, во која се жали за однесувањето на неговиот командир, е уште еднаш казнет за несоодветно однесување пред дисциплинската комисија
Првиот пат беше казнет со 15 отсто од плата во период од три месесеца, а сега е казнет уште шест месеци со казна од 15 отсто.Николов кој го обезбедувал теренот пред полициската станица во Кочани, каде што е забрането паркирање на возила, интервенирал кога пред станицата се паркирал голем џип. Тој му рекол на возачот да го тргне возилото, но тој почнал да го навредува, по што влегол во полициска станица. Ѓорѓи Николов му напишал две казни на лицето за неправилно паркирање и за навреда на службено лице.Потоа бил повикан од командирот, кој му рекол да ги искине казните, но Николов одбил. Заради тоа добил смена на работно место, односно бил преместен да ја извршува својата должност во ромско маало во Кочани и му било скратено 15 отсто од платата, а потоа уште 15 отсто за шест месеци, за несовесно однесување пред дисциплинската комисија.Со ова Николов цела плата ќе земе, дури во август идната година. За здружението „Достоинство“ ова е само еден од многуте напади врз нивното здружение.„Дали ова е награда за Ѓорѓи, заради тоа што се бореше во 2001 г. Ова е еден од многуте директни напади врз „Достоинство“ Но „Достоинство“ никој нема да го замолчи“ вели претседателот на здружението Стојанче Ангелов.Тој не сакаше денеска да коментира за новото здружение на бранителите „Бедем“ кое го обвини за негова поврзаност со Љубе Бошкоски, најави посебна прес-конференција за ова прашање.Според него, на собирот на „Достоинство“ немало 100 луѓе кои претходно биле членови на „Достоинство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

