Македонија
Наумовски: Членството на Македонија во ЕУ е од корист и на Грција
Македонија има цел да направи што е можно поголем напредок во исполнување на Копенхашките критериуми. Не знам до кога Грција има намера да не блокира, но знам дека членството во ЕУ е во полза на граѓаните, но и во корист и на ЕУ, па и на Грција, изјави вицепремиерот за европски прашања Наумовски
Македонија има за цел да направи што е можно поголем напредок во исполнување на копенхашките критериуми. Јас не знам до кога Грција има намера да не блокира, но знам дека членството на Македонија во Европската Унија е во корист на граѓаните на земјата, но исто така во корист и на ЕУ, вклучително и на Грција, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски. Тој присуствуваше на предавање за Европската Унија за осмоодделенци во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром, во рамки на континуираните активности на Владата и Секретаријатот за европски прашања за промоција на европските вредности меѓу помладата генерација во Македонија. „Почнувањето на преговорите за полноправно членство и самото членство е во насока на остварување на политичките, економски и безбедносни политики на самата Грција. Ние сакаме со сите наши соседи да градиме добрососедски односи и во иднина заедно како држави-членки на ЕУ да придонесеме за поголем фокус на европските политики во нашиот регион кој што сепак е заеднички“, додаде Наумовски, осврнувајќи се на блокадата од страна на Грција за членство на Македонија во ЕУ. На прашањето дали на вицепремиерот за европски прашања местото му е во училишните клупи наспроти извештајот на ЕК, тој рече дека она што требало да се сработи за Извештајот е веќе сработено и оти промоцијата на европските вредности уште од училишните клупи ќе придонесе Македонија кога ќе стане членка на ЕУ да има граѓани коишто целосно ќе бидат свесни за придобивките. „Токму промоцијата на европските вредности уште од училишните клупи ќе придонесе Македонија кога ќе стане членка на ЕУ да има граѓани кои што целосно се свесни за придобивките од ЕУ и да го дадат својот придонес во целокупниот процес на европска интеграција на државата. И во училишните клупи и во министерствата и во нашите амбасади секаде каде што беше потребно го дадовме својот придонес и очекуваме оваа година Македонија да добие еден извештај каде што сето тоа ќе биде соодветно валоризирано“, рече Наумовски. Во врска со барањата за азил од страна на македонски граѓани во држави – членки на ЕУ, Наумовски посочи дека македонски институции веќе соодветно реагираат на овој најнов бран азилантски барања . „Апелирам до граѓаните да не наседнуваат на некои одредени туристички или квази туристички агенции кои што се обидуваат да извлечат материјална корист од нивната неинформираност и да се поштедат од долготрајните малтретирања и најзначајно од се да ги поштедат своите финансиски ресурси и да не бараат азил, бидејќи шансите за добивање на азил на државјанин на Република Македонија во држава членка на ЕУ се еднакви на нула“, рече Наумовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

