Македонија
Општината Гази Баба наполни 34 години

Со свечена академија и презентација на новата веб страница општината Гази Баба ја прослави 34 годишнината од своето постење. Градоначалникот Тони Трајковски, рече дека е среќен што општината која е претежно рурална се развива рамномерно, а исто така додаде и дека за во следната година се подготвени за реализација на нови проекти.
„Оваа година донесовме четири Детални урбанистички планови, изградивме фекална канализација со која им се подобрија условите за живот на 20.000 жители, а беше изградена и нова водоводна мрежа за 30.000 жители. Во 2011 година ќе продолжиме со рамномерен развој на руралниот и урбаниот дел на општината, а меѓу приоритетите ни е и нова општинска зграда“, рече градоначалникот Трајковски.
На свечената седница која се одржа во Бизнис центарот на Скопски саем присуствуваа дел од директорите на Јавните претпријатија, пратеници, советници, претставници на фирмите во општината, како и градоначалници на другите општини./крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граѓаните можат да предложат име за новиот Младински центар што се гради во поранешното „Матично“

Во рамки на проектот за зајакнување на општинските совети, Општина Центар во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, го реконструираат објектот на поранешно „Матично“, кој треба да стане современ општински Младински центар.
Граѓаните на веб-страната на Општина Центар, centar.gov.mk, можат да дадат предлог за името на центарот. Победничкото име ќе биде јавно објавено по завршувањето на собирањето на предлозите и изборот на победничкиот предлог.
Проектот за реконструкција и пренаменување на објектот на поранешно „Матично“, кој се наоѓа во општинскиот двор, произлезе од одржувањето на граѓанските буџетски форуми во 2019-та година. На форумите покрај Матично, уште два предлог проекти добија поддршка за реализација – сензорните соби во трите центарски градинки и отворените културни сцени.
Градоначалниците на Општина Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, на почетокот на ноември ја најавија изградбата на новиот Младинскиот центар, каде после изминати неполни три месеци, градежните работи се на самиот крај.
Реконструкцијата опфаќа поставување нова фасада и покрив, внатрешно уредување на објектот, реконструкција на санитарниот јазол, промена на внатрешниот водовод, санирање на фекалната канализација, нови санитарии, ново електрично осветлување, телефонско и компјутерско вмрежување, видео мониторинг систем, како и громобранска и против пожарна инсталација.
Реконструктивниот зафат чини 6.941.282,00 денари со пресметан ДДВ. Општина Центар обезбеди 83 проценти од финансиските средства, односно 5.768.074,00 денари од Буџетот на општината за 2020-та година, а останатите 1.173.208,00 денари беа обезбедени од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), во форма на донација.
Македонија
ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека СДСМ и Зоран Заев со насилни и криминални процедури постапуваат за избори, а тоа ќе го направат и за пописот.
Според ВМРО-ДПМНЕ, власта турка насилен и криминален попис што може да резултира единствено со фалсификувани резултати.
„Законот за попис се носи на насилен начин. Стандардите според кои треба да се спроведува пописот се по добро познатите теркови на Заев. За меѓународни стандарди за ваква процедура власта воопшто нема интерес. Земји од Европската унија како Германија, Ирска, Романија поради пандемијата со корона ја одложија оваа статистика операција за следната 2022 година. Ама Заев може да истурка попис во пандемија затоа што тој планира да направи политичка, а не статистичка операција, по неговите добро познати насилно-кримнални мерки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се додава дека попис со диктирање на податоци и со врзани потписи на две политички партии не може да биде ништо друго освен политичка операција која ќе резултира со фалсификувани резулати.
Претходно, вчера од опозициската партија посочија дека ќе почнат со процедура за собирање на потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, ако власта, во меѓувреме, не го повлече овој закон.
Со коментар за пописот утрово се огласи и СДСМ. Оттука, пак, велат дека пописот ќе се спроведе оваа пролет, а институциите ќе приберат точни и квалитетни податоци, потребни за носење издржани среднорочни и долгорочни политики и стратегии.
Законот кој е во собраниска процедура, велат од СДСМ, гарантира попис по сите светски стандарди и по сите прописи на Евростат, а обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја спречат оваа статистичка операција се злонамерни и деструктивни.
„Државата, 19 години е без попис, токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, која не успеа да спроведе попис во 2011 година. Разбирливо е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по шест изборни порази, имаат страв од граѓаните, но не треба да се плашат, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција, во која нема губитници и победници“, смета СДСМ.
Социјалдемократите се категорични дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да спречат одржување на попис на населението.
Македонија
Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено.
Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.
Во Скопје сончево време со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира