Македонија
Кинсела: Канада нема тешкотии за употреба на името Македонија
Претседателот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела на средбата со спикерот на Собранието Вељаноски потенцираше дека односот меѓу двете држави има долга историја и пред 1991 г., но и дека Канада без потешкотии го употребува зборот Македонија за некој кој доаѓа од Република Македонија
Она во што, како што рече Ноел Кинсела силно верува е парламентарната дипломатија за која смета дека полесно ги отвора вратите, од причина што ги нема ограничувањата присутни кај друг вид дипломатија. Кенсела притоа изрази подготвеност за унапредување на досегашната соработка меѓу двете држави, континуитет во однос на поддршката која Канада и ја дава на Република Македонија на патот кон добивање членство во НАТО, како и разбирање за значењето на визната либерализација за македонските граѓани. Воедно, спикерот на Сенатот со задоволство го сподели сознанието дека лојалноста кон Канада, ги прави препознатливи македонските иселеници, што допринесува кон зацврстување на односите меѓу двете пријателски држави.„Република Македонија во Канада препознава вистински пријател во вистинско време. Благодарни сме за целата поддршка која Канада и ја дава на Република Македонија, за признавањето под уставното име, за принципиелниот став за зачленување на Република Македонија во НАТО, како и за можноста македонските иселеници да ги уживаат сите права како и сите други граѓани на Канада“, беше констатирано во четвртокот меѓу другото на средбата на претседателот на македонското собрание, Трајко Вељаноски со неговиот канадски колега, претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, Питер Миликен.Со средбата со претседателот на Сенатот, како и средбите со министерот за меѓународна трговија, Питер Ван Лоун и со претседателот на Собранието на покраината Онтарио, Стив Питерс, претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски и членовите на собраниската делегација, пратениците Андреј Петров, Александар Николоски и Сафет Незири, ги заокружија средбите од агендата за официјалната посета на Канада.Во средата собраниската делегација предводена од претседателот Вељаноски оствари средби и со членовите на Комисијата за надворешни работи и меѓународен развој на Претставничкиот дом на Парламентот на Канада, со двајца пратеници – парламентарни секретари на министерот за надворешни работи и на министерот за меѓународна соработка на Канада, како и со членовите на Канадско-Европска Асоцијација и членовите на Делегацијата на Канада за Парламентарното Собрание на ОБСЕ.Покрај многуте прашања кои беа отворени на споменатите средби, особено внимание беше посветено на улогата на Република Македонија во мировните мисии на НАТО во Авганистан и нејзината улога во зачувувањето и одржувањето на мирот и стабилноста на Балканот и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

