Македонија
Ивановски: Министерката влегува од една лага во друга
Ќе се видиме на суд, тоа е вистинското место за утврдување на одговорноста, и порача денеска Игор Ивановски од СДСМ на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Ивановски рече дека министерката Канческа-Милевска секој ден кажува по една нова лага бидејќи е фатена на дело. Тој додава дека на 11. август годинава во Министерството за култура било побарано проверка на исчезнатата тендерска документација за дел од објектите во проектот „Скопје 2014“, а следниот ден на 12. август било констатирано дека е исчезната документацијата за 14 тендери.
„Со ова се потврдува дека целата афера „Патриотска метла“ била претходно добро исценирана и позната. Потписник на овој документ е раководителот на секторот за јавни набавки Бранко Костовски, кој констатира дека е исчезната документација за 14 тендери и четири проекти“, рече Ивановски.
Според него за 11 тендери недостасуваат понудите, а за три конкурсните трудови, кои се клучни документи и за изборот и вредноста на тендерот или за негово поништување.
Ивановски додаде дека недостига и документација за седум тендери кои се поништени, што и најмалку не го намалува скандалозното изчезнување бидејќи и за поништените тендери мора да се чува документацијата како доказ зошто тие се поништени./крај/со/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

