Македонија
СДСМ:Груевски да ги решава проблемите на граѓаните

Ако за некого нема надеж тоа се дефинитивно Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да ги решаваат проблемите на граѓаните, секој ден користат еден ист шаблон за манипулација на јавноста.
Ова се вели во реакцијата на СДСМ, на изјавата на премиерот Никола Груевски за случајот „Надеж“.
„За наводниот случај ’Надеж’, кој се обидуваат да го исконструираат, сите документи се е законски и се е чисто како солза. Но, за мегаломанскиот проект на Владата, Скопје 2014, за кој се трошат огромни, милионски суми народни пари, недостасуваат документи. Е тоа е огромна разлика“, се вели во реакцијата.
Од СДСМ го запрашаа Груевски дали тој наредил „да проработи патриотската метла која требала да го исчисти криминалот од Скопје 2014“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, вчера градоначалникот Горан Герасимовски заедно со својот тим од општина Центар беше во Градскиот парк, кадешто разговараше со граѓаните за проектите кои досега беа имплементирани, но и за предизвиците со кои се соочуваат како би се помогнало во подобрување на квалитетот на живот во оваа општина.
Граѓаните изразија позитивни реакции за досегашното работење на општината, за отворањето на новата градинка во населбата Пролет, за поставувањето на СМАРТ осветлување, како и за реконструкцијата на култната сала „Работнички“. Жителите, укажаа на еден од клучните проблеми, а тоа е паркирањето, особено во реонот на Дебар Маало, каде што жителите сè почесто се соочуваат со недостиг од паркинг простор поради возила кои доаѓаат од други делови на градот, соопштува општина Центар.
Герасимовски истакна дека Општината веќе работи на пилот-проект за ограничување на движењето на возила во внатрешноста на Дебар Маало за време на викендите.
Маалските средби продолжуваат и денеска во 18.30 часот, на Водно (Кошот на Тинекс).
Македонија
„Над 150 дивоградби во Чаир, а власта молчи, до кога Мицкоски ќе коленичи пред ‘Влен’“, прашува СДСМ

„Повеќе од 150 дивоградби се пријавени во Чаир, со објавени докази за незаконска градба без дозволи, без основни стандарди за безбедност и со сомнителни приклучоци во мрежата на ЕВН. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не преземаат ништо, напротив ја штитат урбана мафија“, велат од СДСМ.
„Во исто време, во Македонска Каменица, МВР поднесува кривична пријава против граѓанин кој го реновирал сопствениот покрив. Еден покрив – кривична пријава. 150 дивоградби – ништо.
Тоа е жив доказ за селективната правда и за политичката заштита на урбаната мафија, особено кога е поврзана со коалициските партнери на власта.
Зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи? До кога ќе коленичи пред ВЛЕН?
Дали и тој е влезен во криминалната шема?
СДСМ бара итна истрага, одговорност за сите вклучени – без разлика дали се градоначалници, советници или високи партиски функционери.
Не смее да има недопирливи без разлика дали се коалициски партнери на Мицкоски!
СДСМ ќе продолжиме да се бори за правда, за ред и за правна држава во која законот важи за сите“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ – Латас, и струмичкиот градоначалник од СДСМ Костдин Костадинов, откако новинарот во јавно излагање на поткаст рече дека Костадинов е толку богат, што татко му ја искоцкал куќата и сиот имот, а Костадинов за пет години го вратил тоа, заработувајќи куќа, коли, мотори.
По ова се огласи Костадинов на социјалните мрежи, со објава дека татко му е починат, а кај нив кога некој ќе ја чепне честа на мртов човек, правдата не се моли туку се зема. Неговата објава е насловена „Проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови!“, а во продолжение додава: „И кога ќе ми се роди внук, ќе знаеш дека некој Костадинов некаде знае кој си. И кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо – бидејќи не знаеш од каде ќе ти дојде наплатата. Цела фамилија Костадинови те чека. Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности“, се вели во објавата.
По „Фејбсук“ статусот се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат: „Најостро го осудуваме повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат“.
„Градоначалникот на Струмица и близок соработник на Заев, оди по неговите стапки. Едниот живи луѓе јадеше, овој сега се заканува на новинари дека ќе се осветува на свој начин. Матрицата на СДС е таа и нема менување. Позади ваквата нарачка за линч на новинар седат директно Венко Филипче и Зоран Заев. Ова се правите лица на соработниците на Заев и Филипче. Повикуваат на убиства на новинари, ова го нема никаде! Партијата чиј член и градоначалник е Костадинов, молчи и не се оградува од коментарите на Костадинов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Го повикаа МВР да реагира и да го повика на распит градоначалникот.