Македонија
Лека повика на масовен одзив на протестот против Законот за попис

Независниот пратеник Даут Реџепи-Лека, денеска ги повика сите Албанци, невладини организации, опозициските албански партии и членовите и симпатизерите на ДУИ да се придружат на протестот против Предлог законот за попис организиран од страна на Нова демократија.
„Јас ја гледам како многу оправдана опцијата Албанците својот револт, гнев и незадоволство да го изразат преку протестот кој ќе се одржи на 14ти ноември пред Собранието, организиран од Нова демократија. Сметам дека овој протест треба да биде силно поддржан, затоа што тој не е од интерес само на една политичка партија, туку на целиот албански народ во Македонија, а масовноста на овој протест ќе покаже дека Албанците мислат различно од функционерите на ДУИ“, рече Реџепи.
Според него Предлог законот за попис на населението кој е предвидено да се одржи во април наредната година е антиалбански закон и дека тој е производ на договор меѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, оставајќи ги надвор од процесот на попишување како што рече стотици илјади Албанци.
„Со овој договор ДУИ и прави уште една услуга на ВМРО-ДПМНЕ и во овој случај оваа услуга е на штета на Албанците, исто како претходно со одобрување на други закони“, додаде Реџепи. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Училиштето во Стајковци ќе добие нова спортска сала

Со спортските сали во училиштата во Стајковци, Страчинци и Булачани, сите основни училишта во Општина Гази Баба добиваат услови за одржување на наставата по физичко како грижа на централната власт и на општината за младите, изјави премиерот, Зоран Заев, кој заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и директорката на основното училиште „Кирил и Методиј” во село Стајковци, Анита Ангеловска, направија увид на училиштето каде ќе започне изградба на нова спортска сала.
„Се радуваме на стартот на изградба на спортска сала во основното училиште „Кирил и Методиј“. Кога ќе биде завршена само во сеќавање ќе останат деновите кога учениците од ова основно училиште наставата по физичко ја одржуваа во пренаменета училница или надвор, во дворот на училиштето. Со овој капитален проект конечно се решава овој проблем и учениците добиваат спортска сала според сите стандарди“, рече Заев.
Проектот за салата го подготви општината и во својот буџет обезбеди средства за почеток и изградба. Вкупната вредност на инвестицијата за изградба на салата во Стајковци е 17 милиони денари.
Салата е проектирана на површина од 430 метри квадратни со висина од 6,7 метри и во неа ќе може да се игра кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, пинг-понг, гимнастички спортови. Салата располага со две соблекувални и помошен простор.
Покрај спортската сала се предвидува и изградба на дополнителна просторија за физичко и во подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Страчинци.
Македонија
Казнети 48 возачи во Липково

Полицијата за еден ден казнила 48 возачи во Липково.
Полициски службеници денеска спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на територија на општина Липково.
Санкционирани се 48 возачи, од кои 35 за возење со брзина над дозволената, а пет за возење без возачка дозвола.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата“, се наведува во соопштението.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Утре наутро ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност, информира УХМР.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во вторник ќе преовладува облачно време со врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси. Локални врнежи од повремен слаб снег ќе има и во среда. Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот