Контакт

Македонија

Да се зајакне контролата врз прислушувањето, порачува ЕК

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Закон за електронски комуникации е изготвен, вклучувајќи ги техничките одредби за обврските на телекомуникациските оператори во однос на спроведување на наредбите за следење.

Имплементацијата на Законот за прислушување ја зајакнува ефикасноста на истрагите.  Но, директното вклучување на министерството за внатрешни работи во одобрувањето на употребата на прислушувањето е во спротивност со ЕУ стандардите. Освен тоа, надворешните механизми за надзор треба да се зајакнат.

Ова стои во годинешниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во областа на правдата слободата и безбедноста.

„Забелешката во извештајот е согледување и нивна перцепција за земјата и е сериозно прашање за разгледување. Сметам дека институциите кои се надлежни за спроведување на контролата,  а во конкретниот случај тоа е Собранието, сериозно ќе ја разгледаат и ќе преземат соодветни активности за поголема мобилизација и зголемување на нивната ажурност по однос на постапување по евентуалните предмети, вршењето на контролата и сето она што е утврдено со прописите како нивна надлежност. Како што знаете Собранието има фомрирано посебна комисија за овие прашања и исклучиво нејзнина е надлежноста да врши контрола и да утврдува доколку постојат одредени недоследности при примената на прописите. Сметам дека ќе ја погледнат оваа заблешлка и ќе најдат начин да се осврнат на оваа забелешка“ изјави минситерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која изрази задоволство од извештајот во делот на правдата, слободата и безбедноста и во сите области каде е вклучено министерството за внатрешни работи.

Tаа направи споредба со Хрватска и Турција, кои се кандидати за влез во ЕУ и констатираше дека Македонија има најголем напредок.Додаде дека МВР е отворено за соработка со Собранието и дека тие секоја година доставуваат извештај со Собранието.

Во однос на употребата на прекумерна сила од страна ан аалфите, иако бројката на пријави е намалена сепак се забележани низа појави каде што се прекршени човековите права. Комисијата констатирала дека се уште има такви појави. Министерката вели дека нивната цел е   што повеќе да се намали бројот на пријавите.

„Извештајот ги рефлектира реалните состојби. Намален е бројот на претставки, намален е бројот на поплаки, намален е бројот на предмети во кои е утврдено дека има пречекорување на полициските овластувања, меѓутоа овој број не е доведен на нула. Практично делот на извештајот што збрува за ваквите случаи се однесува токму на таа бројка што секако постои. Наша цел е таа бројка да биде колку што е можно помала, секако доколку успееме да биде нула тоа би било една идеална ситуација и можам да кажам дека ќе продолжиме со нашите напори и активности да ги охрабриме граѓаните да продолжат да пријавуваат секогаш кога ќе почувствуваат злоупотреби“ рече Јанкулоска.Европската комисија ги зајакна контролите на границите, заради големиот број на Македонци кои побараа азил во западноевропските земји. Министерката за внатрешни работи рече дека МВР ќе продолжи со активностите на превентивен и репресивен план за да не биде доведена во прашање визната либерализација.

„МВР со оглед на нашите законски надлежности презема и низа репресивни мерки во поглед на откривање на евентуалните злоупотреби при користење на безвизниот режим и токму на овој план , МВР во соработка со другите надлежни институции веќе процесуираше неколку поднесоци во зависност од тежината на повредите на законите кои пред се  однесуваат на туристичките агенции, односно организаторите на патувањата, каде се сомневаме дека е направена одредена злоупотреба, во смисла на доведување во заблуда на граѓаните кои заминале во некоја од западноевропските држави со намера да аплицираат за азил, а притоа значи дека граѓаните не можат по ниту еден основ да добијат право на азил во западноевропксите земји. Во периодот што следува ќе продолжиме со ваквите активности и на превентивен и на репресивен план, бидејќи не сакаме и сметаме дека не е во ред визната либерализација да биде доведена во прашање, заради одредени злоупотреби кои се направени од страна на мал број на луѓе“ додаде Јанкулоска.

Заклучокот на министерката е дека Европската комисија забележала напредок во сите области кои се однесуваат на министерството за внатрешни работи.

“Забележаниот напредок во сите области од поглавјето значи континуитет во реформите и го одразува нашиот став дека нема да застанеме, ниту да се задоволиме со оценките колку и да се позитивни, се додека во целост не ги имплементираме европските стандарди“, рече Јанкулоска./крај/фф

Македонија

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

Објавено пред

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.

dobivaj vesti na viber

Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.

Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје

Објавено пред

Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија6 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ7 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија9 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија11 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија11 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија14 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија14 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија14 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија15 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија15 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија15 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија16 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија16 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет19 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет20 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет20 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет21 час

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа21 час

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет21 час

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...