Македонија
ЈСП потврди дека ќе управува со жичницата
Немаме сеуште потпишано договор дека ние ќе управуваме со жичницата, но бидејќи сме најспремно претпријатие кое располага со целосната опрема и има доволен и професионален кадар, Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде компанијата кое ќе управува со жичницата, рече директорот на ЈСП, Мишо Николов. Тој додаде дека за да може одредено претпријатие да управува со жичницата потребно е да има доволен број на инжинери, машински и електро, како и техничари. Николов додаде дека персоналот кој ќе работи на жичницата ќе биде спремен во секој момент да реагира, односно ќе почне со обуки од секаков вид, од спасување на патници, до нивно пренесување во болници и давање на прва помош ако тоа биде потребно. Тој додаде дека е можно со жичницата да управува „ЈСП Турс“ кој ќе организира и тури до Средно Водно во кои ќе се опфати и прошетка со жичницата. Не планираме да имаме нови вработувања за во жичницата, но потребни ни се уште 25 возачи на автобуси за кои набрзо ќе распишеме конкурс. „За некој да се вработи како возач на автобус потреби се многу прегледи, како психолошки, така и медицински бидејќи мора да се изберат луѓе кои ќе знаеме дека патниците безбедно ќе ги однесат до одредената локација“, рече Николов.За пуштање во употреба на автобуска линија од Скопје до Аеродромот „Александар Велики“, сеуште траеле преговорите, кои се одвивале многу тешко.„Турски ТАВ имаше замисла сам да организира ваква линија, но нивната фирма се откажа. Сега сме ние во преговори со нив, но тие тешко се одвиваат бидејќи ТАВ сака да им плаќаме одредена сума што ќе ја користиме трасата, а ние сметаме дека тие треба да ни плаќаат што ние ќе ја одржуваме“, вели Николов. За пристигнувањето на новите украински автобуси, Николов рече дека не сака да шпекулира со факторот време, но очекува дека тие ќе пристигнат најдоцна до Нова Година. Тој додаде и дека за украинските едноподни автобуси сервисот ќе биде во Скопје и со нив ќе управува ЈСП, а додека за кинеските можно е и самата кинеска фирма да отвори свој сервис тука./крај/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 57 сесија на Клубот на истражувачите
На 27 март 2026 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите.
„Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда).
Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија“.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.
Македонија
Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало.
Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.
„Во Центар се реализираат конкретни проекти, со стандарди што граѓаните ги заслужуваат. Секоја уредена улица е чекор поблиску кон поразвиена и побезбедна општина. Реконструкцијата на улицата ,,Светозар Марковиќ„ ќе овозможи полесно движење за граѓаните и безбеден сообраќај, воедно ќе придонесе за поуреден изглед на населбата“, посочи Герасимовски.
Реконструкцијата предвидува проширување на улицата, нови рабници и тротоари, ново улично осветлување и поставување атмосферска и фекална канализација.
„Во Општина Центар активно се работи на подобрување на инфраструктурата.Во тек е реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало, а наскоро ќе а започнат градежните работи за реконструирање на вториот дел од улицата „Ленинова“
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.

