Македонија
Хелсиншки: Изненадени сме од изјавите на Тодоров и Хорватовиќ
Хомофобијата е присутна во образованието и Комитетот е изненаден од изјавите на „изненаденост“ на Министерот за образование и наука, Никола Тодоров и Директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ.
Ова го соопштија денеска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права по повод изјавите на Тодоров и Хорватовиќ за учебниците во средното и високото образование во кои хомосексуалноста е дефинирана како болест, девијација и слично.
Од Хелсиншки тврдат дека имаат дискомуникација со Бирото за развој на образованието, и дека тие уште на 17-ти мај годинава ја поканиле Хорватовиќ на јавна дебата за хомофобијата во образованието во ЕУ Инфоцентарот, но таа не присуствувала.
„Заради дискомуникацијата со Бирото за развој на образованието, побаравме состанок и бевме примени од Министерот Никола Тодоров. На состанокот му беа предочени учебниците каде хомосексуалноста се третира како болест како и одговорот на Светската Здравствена Организација, а му подаривме и примерок од Меѓународната класификација на болести и растројства, каде хомосексуалноста не постои ниту како болест ниту како растројство. Министерот ни одговори дека е во тек формирање Комисија која ќе прави ревизија на учебниците според образовните циклуси и дека секако ќе го имаат во предвид овој проблем,“ соопштуваат од Хелсиншки.
Тие реагираат дека е „непримерно нивното повикување на „авторитетот“ на авторите, кои пишуваат информации надвор од сите меѓународни стандарди и професионализам, вметнувајќи сопствени мислења, предрасуди и стереотипи во системот на образование“ и повикуваат итно повлекување на ваквите учебници./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

