Македонија
За Ивановски одлуката на Управен суд дека бил кодош е дел од политички процес против него
Целиот мој предмет е политички предмет и е формиран за да се покрие лустрациониот процес, е првата реакција и оценка на екс-претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски
Неговата реакција дојде откако Управниот суд донесе одлука дека Трендафил Ивановски сепак бил соработник на тајните службиОд Комисијата за лустрација не сакаат да ја коментираат одлуката бидејќи содржела класифицирани информации.Тој најави тужба за претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев оти тврдел дека Ивановски има потпишано изјава за прифаќање на соработка со УДБА, а според него таква изјава не постоела.„Во добар дел ми е извршена една вешта фабрикација на лице кое што не припаѓа ни на еден табор, ни на левицата, ни на десницата, разбирливо е очекувањето на тие што го избрале тоа лице, да нема спротивставување од страна на носечките политички партии и такво немаше. Јас останувам на таа оценка дека целиот мој предмет е политички. Ако лустрацијата се сведе само на мене, колку и да е тоа вистина тешко дека некој во јавноста целото тоа ќе го проголта, дека во цела Македонија, од 1944 година па до денеска имало само еден соработник на тајните служби“, рече Ивановски.Тој не е задоволен од постапката што се водела против него во Управниот суд. Останува на ставот дека во неговиот случај се работи за политичко досие, а не за соработничко досие и дека Управниот суд не ги утврдил фактите и дека не ги зел во предвид неговите докази. „Нема никакво соработничко досие, туку постојат елементи на политичко досие, тие за Комисијата за лустрација биле оригинали, нема ниту потпис и печат, извештаите од инспекторот се оригинали и не е битно дали се тие обични белешки, дали се дополнително, сето тоа не било битно ни за самиот Управен суд“ вели Ивановски. Место за сомнеж околу пресудата на Управниот суд, според Ивановски постои и поради начинот на доставување на пресудата и поради тоа што Ивановски ја дознал пресудата, од телевизијата која уште вчера ја објави. Тие утрово заедно со адвокатот, Стеван Павлевски ја чекале пресудата пред Управниот суд половина час, но не им била врачена. После тоа околу 10 часот Управниот суд ја испратил пресудата до Ивановски преку специјално повластено лице. „Јас секогаш укажував дека во Уставниот суд има притисоци, ги имало и ќе ги има, истото го сметам и за редовното судство, меѓутоа не е проблемот во постоењето на притисоците, проблемот е колку субјектите во тие институции ќе успеат да се одбранат од таквите притисоци и на тоа останувам и понатаму“, рече Ивановски. Следната судска инстанца за него е Врховниот суд. Тој најави дека доколку и врховниот суд постапи на истиот начин како што постапил и Управниот суд и ја одбие неговата жалба, тој ќе се жали до Судот за човекови права во Стразбур. Смета дека неговите елементарни права се повредени односно неговото елементарно право на одбрана. Ивановски е единствениот функци
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

