Македонија
Завршни зборови за случајот платено убиство
Браќата Ордан и Љубомир Георгиевски според Јавниот обвинител Ивица Ефремов се сторители на убиство на 74 годишниот Лазо Милошевски од велешкото село Ореше, јави веб порталот Лисица.
Обвинителството денеска побара судот да ги прогласи за виновни и осуди според законот. Поткрепувајќи го своето барање, но и ставот дека браќата се виновни Обвинителството пред Кривичниот судски совет рече дека ако само се анализираат изјавите на сведоците кои давале алиби на обвинетите ќе се увиди нивната контрадикторност што всушност е само еден од показателите дека обвинетите се сторители на убиството. Кон ова ја додаваат и изјавата на заштитениот сведок Бреза.
За одбраната, адвокатите Нојков, Давидовиќ и Витановиќ, секој има право на правично и судење во разумен рок, но обвинетите Ордан и Љубомир тоа го немале.
Одбраната како адут дека браќата се невини ги посочи парафинските ракавици кои се негативни, оружјето од кое е пукано во старецот исто така го нема, а шаржерот што е најден пред да биде сослушан заштитниот сведок, воопшто не се знае на кое оружје му припаѓа, трагите од обувките пронајдени веднаш по настанот не одговараат на обвинетите.
Тие се сомневаат и на веродостојноста на изјавата на заштитниот сведок „Бреза“. Токму поради овие но и други докази одбраната бара ослободителна пресуда.
Судијата Илија Танев во име на петчлениот Кривичен совет пресудата ќе ја соопшти на 17 ноември.
На браќата Љубомир и Ордан Георгиеви по втор пат им се суди за платено убиство за кое како нарачател е осомничен Ѓоре Петревски кој е сеуште во Америка и недостапен за Македонските власти.
Во првиот судски процес велешкиот суд ги прогласи браќата за виновни и осуди на затворска казна во времетраење од 12 години./крај/лисица/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

