Македонија
МОН: Нема веќе студентски кредити, само стипендии
Министерството за образование и наука од оваа година реши да ги укине студентските кредити поради тоа што студентите речиси никогаш не ги враќале парите од кредитот.
Од министерството тврдат дека поради невраќањето на кредитите од 1995 година наваму тие акумулирале загуба од една милијарда денари.
„Ќе се воведат стипендии во три категории и тоа А категорија за талентирани студенти, Б за социјалните категории и В кои ќе се доделуваат според одредени критериуми“, рече министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Тој информираше дека во една учебна година се планира да се одобруваат 200 стипендии за талентираните студенти во износ од 4.000 денари. Освен овие, ќе се доделуваат и илјада стипендии во износ од 3.000 денари, и 1.600 стипендии во износ од 2.500 денари наменети за студентите од социјалните категории.
Министерството го објави и конкурсот за доделување на 125 стипендии во вредност од 5.500 денари, за студенти запишани на додипломски студии по информатика. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

