Македонија
Лисабонскиот самит на НАТО без изненадување за Македонија

Македонија од пред неколку години ги исполни обврските за членство во НАТО. И како на ланскиот самит, така и на годинашниот се очекува само да не пофалат дека сме ја завршиле домашната задача и дека ги исполнивме условите
„Република Македонија си ја изврши својата домашна задача и тоа најдобро од сите земји од регионот. Заедно со Албанија и со Хрватска во рамките на А3 групата Јадранската повелба, под патронат на некој начин на САД покажавме дека се движиме на патото кон евроинтеграциите и кон Нато. Имавме одредени работи кои требаше да си ги завршиме, но во последен момент за жал се јави според мене еден непринципиелен предлог или непринципиелен критериум во однос на непризнавањето на нашето уставно име од нашиот јужен сосед“ вели Зоран Коњановски министер за одбрана на Македонија.Во интевјуто за Гласот на Америка програма на македонски јазик вели дека буквално кажал дека ако уште долго време остане овој простор отворен на Балканот поради нерешавањето на прашањето на името, тогаш дека е добро да влеземе во НАТО под привремената референца.„Заради проблемите кои се наметнуваат, добар излез, едно добро излезно решение би било ако ние во НАТО Алијансата се зачлениме под името БЈРМ. Впрочем под таа референца ние имаме влезено во ОН, во Светската трговска организација и зошто тоа да не го направиме и во НАТО Алијансата“ прашува Коњановски.Министерот не смета дека Брисел го отфли тој предлог, туку мисли дека за Грција тоа е неприфатливо оти таа инсистира на решение со кое ќе се затвори тоа прашање. Прашавме дали намалениот буџет на министерството има влијание на секојдневните активности.„Нереално ќе биде ако јас кажам дека сум задоволен што тие средства се намалени. Но, јас сум реален. И некогаш мора да се соочиме со реалноста, некогаш ќе има повеќе средства, некогаш помалку, но со овие средства кои ги имаме со домаќинско работење, со влечење на приоритетите од страна на менаџерскиот тим на министерството за одбрана, мислам дека можеме да го поминеме овој период на светска економска криза“ вели министерот Коњановски.И проекциите за буџетот за 2011 г. се слични. Малку повеќе од ребалансираниот за оваа година.„Суштински проект и за земјите од рагионот, формирање на едно модерно, најдобро и најсофистицирано школо за пилоти, опремено со симулатори. Мислам дека ќе бидеме прва земја од Југоисточна Европа која што ќе го направи тоа“ вели тој.Тој верува дека со ова Македонија уште еднаш ќе покаже дека е лидер во регионот кога станува збор за НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.