Македонија
Дванаесет години затвор за убиството во Ореше

Петчлениот кривичен судски совет при Основниот суд во Велес денеска ги прогласи браќата Ордан и Љубомир Георгиевски за виновни за убиство на 74 годишниот Лазар Милошевски, јавува Лисица.
Дванаесетгодишната казна затвор ја изрече судијата Илија Танев. Одбраната не е задоволна од пресудата, но и од целокупниот повторен судски процес.
Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека судијата не постапил по ниту едно препорака дадена од Апелација. Токму тука ја гледа и шансата по жалбата која ќе ја достават, Апелација повторно да ја поништи пресудата.
Инаку на браќата Георгиевски им се суди по вторпат. И првиот пат кривичниот судски совет им изрече казна затвор од 12 години.
Убиството на Лазар Милошевски од велешкото село Ореше се случи во 2005 година. Во обвинителниот акт стои дека браќата го убиле Милошевски по нарачка на Ѓоре Петровски, за сума од 50 илјади долари.
Петровски моментално е во САД и е недостапен за македонските судски органи.
На Петревски според обвинителниот акт ќе му се суди кога ќе биде екстрадиран од САД во Македонија. /крај/лисица/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ПОЦ од денес бесплатно ќе ги отстранува хаварисаните возила во Центар

Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“ ЈП Паркинзи на Општина Центар ја започнува кампањата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ со цел да се ослободат паркинг местата и јавните површини на територија на Општина Центар кои се зафатени од страна на хаварисани и напуштени возила и приколки кои претставуваат опасност за жителите и животната средина.
Веќе од денес, хаварисаните и напуштени возила и приколки, со согласност на сопственикот, ќе се отстрануваат од јавните површини во Општина Центар и бесплатно ќе се носат во депото на друштвото за производство, трговија и услуги Васкони Скрап ДОО-Скопје. Потоа тие ќе ги сечат и ќе ги продаваат како старо железо, а за тоа сопствениците на возилата ќе добијат надоместок од фирмата согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила.
Во склоп на кампањата од среда (20.01.2020) ќе се отвори и посебна телефонска линија 075 476 762 каде сопствениците на хаварисани возила ќе можат да ги пријавуваат своите автомобили. Пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш по добивање на повикот.
Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар-Скопје, Васко Кичевски и сопственикот на Друштвото за производство, трговија и услуги Васкони Скрап ДОО-Скопје, Васил Ѓатовски потпишаа меморандум за соработка со кој се обврзаа двете страни заеднички да соработуваат и да делуваат за да се воведе ред во паркирањето, да се зголемат капацитетите на паркинг местата и да се воспостави партнество во смисла на задоволување на потребите на корисниците и жителите на Општина Центар.
Македонија
ЈСП утре со неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.
Изменетиот посочен режим е поради верскиот празник Богојалвение (Водици).
Македонија
Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители.
Премиерот Зоран Заев соопшти дека ја прифатил понудената помош од Србија преку претседателот Александар Вучиќ.
„Како што знаете, во последната недела бараме поддршка и од други земји да ни дадат помош за да можеме што побргу да почнеме додека не стигнат првите 5.850 дози во февруари. Сакам да ја споделам оваа среќна вест со граѓаните, понудената помош од Република Србија преку претседателот Вучиќ ја прифативме. Утрово разговаравме со претседателот Вучиќ и тие прифатија да ни помогнат. Деталите ќе ги утврдиме во текот на денот. Знам дека она што може да го потврдат е 8.000 вакцини од ‘Фајзер’, а другите имаат договори што треба да ги проверат, клаузули дали може тоа да го направат“, изјави Заев пред Граѓанскиот суд.
Српскиот претседател Вучиќ понудил вакцините да се доделат како донација, но Заев инсистирал тие да бидат платени по што се договориле Македонија да ги добие вакцините по нивната набавна цена.
Во минатите недели Бугарија и Грција сами се пријавија да ни отстапат дел од ковид-вакцините со кои тие ќе располагаат, но сè уште нема ни трага ни глас од нивната помош за Македонија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира