Македонија
Маневски очекува Бугарија да го предаде Вранишковски

Министерот за правда Михајло Маневски очекува Бугарија да и го предаде на Македонија расчинетиот владика, Јован Вранишковски кој завчера беше уапсен на бугарско -српската граница.
Тој рече дека со распишувањето на меѓународната потерница по Вранишковски на први, овој месец, Македонија покажала подготвеност , Вранишковски да и биде предаден на Македонија, таму каде што ќе биде пронајден.
Вранишковски е уапсен по меѓународна потерница која е издадена на први овој месец од македонското биро за Интерпол, по наредба на основниот суд Битола.
По истекувањето на рокот за притвор, кој бугарските власти го продолжија за уште 72 часа, истражниот судија ќе донесе конечна одлука за можна екстрадиција на Вранишковски во земјава.
Ако на Вранишковски му биде одреден екстардиционен притвор, Министерството за внатрешни работи ќе го контактира Министерството за правда, кое е надлежно за ова. Но многу е веројатно Вранишковски да го искористи своето српско државјанство, во постапката.
Јован Вранишковски беше осуден на две ипол годишна затворска казна од страна на велешкиот суд за злоупотреба на 250.000 евра црковни пари./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
С.Македонија и БиХ меѓу земјите каде состојбата со коруцијата највеќе се влошува

Индексот на перцепција на корупција на Транспаренси Интернешнл (ЦПИ) за 2020 година ги рангира Северна Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ) меѓу земјите во светот каде состојбата на корупција најмногу се влошува. Двете балкански земји се најдоа на 111 место на листата од вкупно 180 земји, позиција којашто ја делат заедно со Панама и Монголија. Земјава бележи пад од осум места во споредба со состојбата во 2012 година.
Северна Македонија е најлошо рангирана во регионот, со 35 бодови. Словенија има најдобра позиција во регионот со 60 бодови, по што следи Хрватска – 47, Црна Гора – 45, Србија -38 и Косово со 36 бодови. Најдобри земји на глобално ниво според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска, Нов Зеланд, Финска и други западни земји со висок степен на демократија. Земјите погодени од војна, беззаконие и диктатура се најдолу на листата, а годинава меѓу нив се најдоа Сирија, Сомалија и Јужен Судан.
Според извештајот пандемијата на Ковид-19 ја одбележа изминатата година, но и целосно го разоткри најтемното лице на корупција, чија цена граѓаните за жал ја плаќаат со својот живот. Институциите парализирани од корупцијата му дадоа приоритет на бескрупулозниот грабеж на јавни средства, на штета на обезбедувањето соодветна здравствена заштита.
Македонија
Наутро ќе провејува снег, преку ден сончево и студено

Наутро ќе има услови за појава на слаб снег на североистокот. Преку денот ќе биде сончево со мала облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје наутро со мала до умерена облачност, а преку денот ќе биде сончево и студено. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 6 степени.
Од петок следува период на променливо облачно и малку потопло време со нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат поинтензивни ноќта кон сабота во западните делови и в недела. Претежно во источните делови од земјата утре ќе има засилен северен ветер, а в сабота ветерот ќе биде силен.
Македонија
Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19.
„ Со заклучок на Владата, Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19, согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас.
Станува збор за нова набавка на дополнителни количини покрај оние од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор. Според најавите од КОВАКС механизмот првите количини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари.
Владата преку Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари“ соопшти Владата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома