Македонија
МЗ : СДСМ ги извртува наодите од Државниот завод за ревизија
СДСМ свесно ги извртува и злоупотребува наодите од контрола на Државниот завод за ревизија со намера политички да профитира, иако е свесна дека се работи за забелешки од административна природа кои Министерството за здравство ќе ги отстрани во најкраток можен рок и без последици по државата, по граѓаните, а најмалку по пациентите и медицинскиот персонал.
Ова е реакцијата на Министерството за здравство по денешното обвинување на секретарот на СДСМ Андреј Петров, дека извештајот на ревизорите за работата на МЗ во 2009 година е катастрофален и со него е потврдено дека се потрошени повеќе од 10 милиони евра за јавни набавки во кои не биле почитувани соодветните законски одредби.
Од министерството за здравство понатаму велат дека „целосно неиздржаните критики кои доаѓаат од опозицијата, нема да го поколебаат Министерството за здравство да продолжи со реализација на сите развојни проекти и суштински промени во здравството кои ќе им донесат дополнителни придобивки и нов квалитет на сите граѓани./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

