Македонија
Ставрески : Лустрацијата мора да биде институционален процес
Лустрацијата треба и мора да биде исклучително институционален процес, рече Зоран Ставрески, член на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, во врска со тоа што лустарцијата во Македонија се повеќе почна да наликува на улична.
„Сите оние кои што имаат документи и податоци, тоа треба да го работат во рамките на институциите и преку тие институции да се решаваат согласно законот сите случаи каде што има евиденција за евентуално учество на одделни лица.Ние инсистираме и остануваме на тоа дека лустарцијата мора единствено да се спроведува во рамките на институциите“, изјави Ставрески.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ има разговарано со својот коалиционен партнер, ДУИ, во врска со досиејата кои излегоа за високите функционери на ДУИ, Ставрески уште еднаш повтори дека институциите треба да се ја спроведат постапката така како што треба за секој случај, за кој што постои евиденција.
„Ние се фокусираме тој процес да не излезе вон институционалните рамки. Тоа е нашата определба и тоа е она за што се залагаме“ додаде Ставрески.
И во однос на Законот за попис, кој што е предвидено да се спроведе во април, Ставрески вели дека и тој се разгледува како статистичка операција.
„Владата го организира процесот во рамките на заводот за статистика и секако сите други придружни институции кои што се надлежни за овој процес, преку обезбедување на доволно буџетски средства за ефикасна реализација на пописот. Како и лустрацијата и пописот мора да се разгледува како чиста статистичка операција, а не како политички проект“ рече Ставрески.
Тој им порача на политичките партии што се во Владата и во опозицијата да не го користат пописот за политички поени. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

