Македонија
Владејачкото мнозинство ги повлече амандманите за Законот за попис
Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска на седницата на Комисијата за политички систем повлекоа петнаесет амандмани кои беа поднесени за Предлог законот за попис, на што опозицијата реагираше и бараше образложение за потегот.
Според извори од партиите на овој чекор се одлучиле бидејќи не успеале да најдат заедничко решение, дали граѓаните да се попишуваат на местото на гласање и дали ќе се попишуваат и оние кои што се до 12 месеци надвор од земјата, според амандманот на ДУИ или според амандманот на ВМРО ДПМНЕ, да се попишуваат според местото на живеење.
Опозицијата праша каков договор постигнале коалиционите партнери за опфатот на населението, што според нив е главно разидување околу овој закон меѓу двете владејачки партии.
Од владејачкото мнозинство не коментираа, тие сметаат дека пратениците имаат право да поднесуваат, но и да повлекуваат амандмани.
До Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратеничките групи за Предлог на законот поднесоа над 76 амандмани.
Владејачките партии повлекоа петнаесет од нив, а од оние што поминаа на Комисијата министерот за правда Михајло Маневски не прифати ниту еден./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

