Македонија
Поддршка за Македонија во НАТО побарана и од канадскиот премиер Харпер

Потпретседателот на канадскиот Постојан комитет на национална одбрана, Брајон Вилферт преку писмо од канадскиот премиер Стивен Харпер побарал поддршка за влез на Македонија во НАТО на Самитот на Алијансата што денеска и утре се одржува во Лисабон.
Вилферт од Харпер бара Канада да застане зад принципот дека билатерално прашање, како што е македонско-грчкиот спор со името не треба да влијае на проширувањето на Алијансата.„Канада треба јасно да стави до знаење дека такво билатерално прашање не треба да биде пречка за проширувањето на НАТО. Јасна покана за Македонија да се приклучи во алијансата на Самитот во Лисабон ќе биде во корист на канадската национална безбедност и интересите во регионот“, се вели во писмото потпишано од Вилферт.Писмото до Харпер е упатено на 10-ти ноември. /крај/umd/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меџити: Улицата „Ферид Мурати“ во Чаир се реконструира со инвестиција од 1 милион евра

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес информираше за еден од најголемите инфраструктурни проекти во Чаир-целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“.
Во соработка со општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт, се гради модерна улица со должина од 1 километар. Меџити истакна дека инвестицијата изнесува 1 милион евра.
„Проектот опфаќа комплетно асфалтирање, две регулирани коловозни ленти, стандартизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни на улицата, легално паркирање и нов систем за улично осветлување. Постоечките семафори ќе бидат заменети со модерен кружен тек, рече Меџити.
Како што соопшти, работите се очекува да завршат до март 2026 година. Оваа инвестиција ќе овозможи современи услови за движење на граѓаните, побезбеден сообраќај и функционални простори за жителите на Чаир, додава Меџити.