Македонија
Во Кочани пошумени повеќе од 40 хектари
На површина од 40 хектари на ридот во Драчевик е спроведено главното пошумување во Кочани, во рамките на акцијата Ден на дрвото. Со поддршка од кочанската подружница на Македонски шуми и Општината пошумен е влезот во Кочани, на патот М-5 – Лесна индустрија. Членовите на Советот и општинската администрација со 500 садници аризонски чемпрес озеленија парцела на потегот кон браната Гратче, а Противпожарната единица го пошуми просторот кај поранешната касарна „Гоце Делчев“.Во пошумувањето на Кочани учествуваше и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова.„Досега акцијата е забележана и во европски и во светски рамки како многу хумана. Денешниот ден како да е создаден за Ден на дрвото, па очекуваме садниците да се зафатат во висок процент, рече Лепиткова.Според градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, резултатите од досегашните пошумувања се сè поочигледни, но посочи дека Кочани сè уште има голини што чекаат да бидат пошумени.Учениците од основните и средните училишта, Денот на дрвото покрај во пошумување, го искористија за собирни акции за стара хартија и пластика./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

