Контакт

Македонија

Променливо облачно и релативно топло време

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со подолги сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Температурата во Македонија ќе се движи од 15 до 19 степени целзиусови. Во Скопје температура до 16 степени. /крај/ухмр/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сомнеж за труење со храна: ученици од Скопје со стомачни болки, затворена кујната во училиштето

Објавено пред

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор во кујната на ООУ „Димо Хаџи Димов“. Надзорот следува по утринското известување дека поголем број ученици пријавиле стомачни болки.

dobivaj vesti na viber

Кујната е привремено затворена додека се утврдува можниот извор на евентуално труење со храна. Според Националниот протокол, ќе се спроведе епидемиолошка анкета и ќе бидат земени мостри од храната, работните површини, приборот и машините за лабораториско тестирање.

АХВ информира дека по завршувањето на контролата, јавноста ќе биде известена за утврдените активности и изречените мерки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Објавено пред

Партизацијата тотално го деградираше квалитетот на јавното здравство и затоа се итно потребни системски промени за коишто мора посилно да притискаат сите засегнати страни, особено граѓанскиот сектор – беше главната порака од панел-дискусијата што ја организираше вчера Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“.

dobivaj vesti na viber

„Со жалење можам да кажам дека последниот фер конкурс за вработувања во јавното здравство е одржан веројатно во 1991 година, значи кога Македонија стануваше самостојна држава. Потоа следат речиси 35 години на партиско мешање при вработувањата на лекари и друг медицински персонал што доведе до катастрофално влошување на квалитетот на здравствените услуги. Трагично е што во 2025 година во било која развиена држава да отидам, ќе најдам свои студенти кои биле меѓу најсолидните во својата генерација, а кога ќе тропнам на вратите на Клиничкиот центар во Скопје искрено ме фаќа страв на каква услуга ќе наидам, затоа што може да замислите кој сѐ се вработувал со партиски врски.“, истакна проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, инаку познат гласен говорник за аномалиите во јавното здравство.

Да потсетиме, „Солуција“, преку Граѓанската сила „Замисли“ и заедно со Македонското здружение на млади правници, Клубот на млади лекари и Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари бараат укинување на дискреционото право на директорите на јавните здравствени установи при вработувањата.

Катарина Синадиновска од „Солуција“ рече дека за три години се сменија четири министри за здравство и со сите досега е разговарано за измени во Законот за здравствена заштита. „На крајот успеавме да се избориме да бидеме вклучени во работната група за измени на регулативата. Актуелниот ресорен министер Азир Алиу и јавно во интервју ја поддржа нашата иницијатива и рече дека се подготвуваат 12 законски измени заедно со претставници на лекарски здруженија, синдикати, комори и тимови од Министерството за здравство, за да бидат синхронизирани и да не се кочат процесите во здравствениот систем“.

Гоце Коцевски од Македонското здружение на млади правници, правен експерт на иницијативата, истакна дека Законот за здравствена заштита е

тотално анахрон и дека само во здравствениот сектор сѐ уште директорот има дискреционо право на оглас да вработи кого тој ќе одбере од пријавените кандидати, а не најдобриот од ранг-листата. „Ниту во корпоративниот сектор директорот не е секогаш последниот што одлучува кој ќе се вработува. Директорот на здравствена установа има одврзани раце кого ќе вработи и покрај мислењето од Комисијата, која самиот ја составува. Ако сака може и последниот од ранг-листата да го вработи. Ние предлагаме да одлучува не комисија составена од директорот, туку комисија составена од стручниот колегиум на здравствената установа. Со други зборови, да не ве оценува некој што не е тесно поврзан со вашата област“, рече Коцевски. Тој истакна и дека се задоволни од досегашната работа и дека во работната верзија на законот, меѓу другото, прифатени се нивните барања како на пример, огласот за вработување да трае 15 дена, да се објави онлајн на повеќе места, а не само во печатени медиуми, како и тоа комисијата да биде клучна која ќе ги спроведе трите фази на проверка и да го спроведува интервјуто.

Професор д-р Горан Димитров од Македонското лекарско друштво смета дека реформите мора да се туркаат во правец да им се дозволи на сите здравствени работници да може најдобро да го искористат својот потенцијал. „Политичката волја тука е клучна. Сѐ додека директорите на клиниките се поставувани од партиите на власт, тие ќе ги слушаат нивните инструкции, а нема да бидат првенствено загрижени за напредокот и развојот на организацијата што ја предводат.“, рече Димитров. Тој се залага и за цврста законска рамка што ќе ги регулира сите сфери од здравството, како на пример лекарските специјализации. „Мора да се пропише институцијата која има потреба од одредени профили на лекари, таа да ги стипендира, односно спонзорира нивните специјализации“.

Бојан Трајковски од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти го истакна проблемот и на хипер-продукцијата на кадри во здравството, која не раѓа квалитет, напротив.

„Сега имаме премногу медицински и стоматолошки факултети, при што е значително спуштено нивото на тоа кој сѐ се прима како студент и кој дипломира на крајот. Не може секој и не треба секој да е лекар. Државата мора да има стратегија и за тоа колку специјализации и требаат и во кои области. Не може да специјализира кој што има желба, туку за што државата има реални потреби. “ истакна Трајковски. Тој додаде и дека оние медицински кадри што го решиле прашањето на своето вработување, а поминале низ голготата на партизацијата во здравството, не треба да молчат.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Интеграцијата во ЕУ не е луксуз, туку неопходност“ – во Собранието дебата за евроинтеграциите

Објавено пред

Во свечената сала „Купола“ во Собранието денеска се одржа Осмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК), посветена на регионалните предизвици и реформските процеси на патот кон ЕУ. Годинашната конференција се одржа на тема „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“ со силен акцент врз новиот План за раст за Западен Балкан, кој носи економски придобивки, но и сериозни обврски.

dobivaj vesti na viber

Конференцијата ја отворија претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Националниот совет за европска интеграција, Венко Филипче, заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, Игор Здравковски, како и амбасадорките на Словачка, Ивета Хрицова и на Кралството Холандија, Узлем Џанел.

Во своите обраќања тие ја нагласија важноста на реформите, градењето институционална доверба и продлабочена регионална соработка како клучни предуслови за напредок кон Европската Унија, особено во контекст на новиот План за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето обраќање нагласи дека европската агенда мора да биде државен приоритет, а реформите не смеат да зависат од дневната политика.

„Ве уверувам дека стратегискиот интерес на Македонија е дефинитивно насочен кон ЕУ“, изјави тој и додаде дека вклучувањето на невладиниот сектор е клучен на тој пат. „Интеграцијата не се мери по брзината на постапките, туку по довербата на граѓаните во институциите“, потенцираше Гаши и посочи дека „Ниту едно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот пат. Ова е момент за мотивација, а не за притисок. Интеграцијата не е луксуз, туку неопходност. ЕУ-интеграцијата не се гради во Брисел, туку во Скопје, кај нас, во нашите одлуки“, заклучи тој.

И другите говорници ја истакнаа потребата од реални, мерливи реформи, регионална поврзаност и практична примена на европските стандарди.

Во тој контекст, претседателот на Националниот совет за европска интеграција, Венко Филипче, рече дека Планот за раст на ЕУ не смее да остане пропуштена шанса.

„Јасно е дека единствениот пат напред се европските интеграции. Евидентна е волјата на ЕУ за проширување и доколку не ги забрзаме реформите, регионот ќе оди напред без нас. Во извештајот на ЕУ јасно е констатирано дека реформи нема, особено во правосудството. Но, ако вака продолжиме, не сум сигурен дека ЕУ нема повторно да не врати на ниво на скрининг“, поентираше Филипче, повикувајќи да преминеме од декларации кон резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните.

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, Игор Здравковски, рече дека Националната конвенција е од голема помош на патот кон ЕУ, затоа што дава можност за дебата на повеќе нивоа, особено на полето на суштинските реформи кои произлегуваат од европската агенда. „Реформите мора да продолжат, ако не сакаме да се втурнеме во ќор-сокак“, рече тој.

Амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова, потенцира дека земјите што најмногу напредуваат се оние што најконзистентно ги спроведуваат реформите и дека примерите од Централна Европа покажуваат дека политичката волја е клучниот фактор. Таа вети дека ќе направи се што може за да се скрати процесот за пристап, кој од земјите аспирантки бара храброст.

„Мојата земја стои зад вас и ве поддржува многу силно. Добро знаеме колку е тешко да се зацврстат институциите, но тоа е возможно само преку реформите, во кои клучна област е владеењето на правото, бидејќи тоа креира доверба кај граѓаните. Вашата земја припаѓа во европското семејство и Словачка е подготвена да даде се што е во нејзина можност за да станете член на ЕУ“, изјави амбасадорката Хрицова.

И амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел, предупреди дека владеењето на правото е суштински критериум. Според неа, храбрите реформи во правосудството не можат да се одложуваат — тоа е темелот на европските вредности: „Сега е време да се делува и не смее повеќе да се губи драгоценото време!“, рече таа, посочувајќи дека граѓанскиот сектор е тука да им помогне на креаторите на политиките да се покренат реформите, а секако Планот за раст финансиски да го помогне процесот.

„Приоритет на мојата земја е да го види просперитетен и стабилен Западен Балкан и тука сме да ви помогнеме во реформите, особено владеењето на правото што е фундаментален сегмент на патот кон ЕУ“, порача холандската амбасадорка.

На конференцијата учествуваа и пратеници, амбасадори, високи претставници на министерствата, судии, обвинители, адвокати, експерти од правосудството, како и претставници на институции и организации од Словачка, Србија и Албанија, академската заедница, граѓанскиот сектор и членовите на работните групи на НКЕУ-МК.

Инаку, конференцијата беше поделена во три панел-дискусии, преку кои се отворија три клучни прашања за засилување на довербата и солидарноста во европските интеграции, за владеење на правото надвор од политичката реторика, како и за економските реформи, конвергенцијата и регионалната поврзаност на земјите од Западен Балкан.

Панелите беа модерирани од национални и регионални експерти, а говорниците споделија компаративни искуства, предизвици и препораки за напредок на Македонија и регионот. Учесниците дискутираа за потребата од стабилни институции, транспарентност и предвидливост, како основа за враќање на довербата во процесот.

Конференцијата уште еднаш ја потврди значајната улога на НКЕУ-МК како платформа што ги обединува институциите и експертската јавност во насока на подготовка на државата за претстојните преговори со Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Сомнеж за труење со храна: ученици од Скопје со стомачни болки, затворена кујната во училиштето

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно...

Македонија20 минути

Во развиените држави ги среќавам моите најдобри студенти, а на Клинички ме фаќа страв каква услуга ќе добијам, рече Беќаровски

Партизацијата тотално го деградираше квалитетот на јавното здравство и затоа се итно потребни системски промени за коишто мора посилно да...

Македонија46 минути

Повеќе од 900 жени годинава жртви на семејно насилство: „Оваа бројка е повик за итна акција“

Сега е време да се обединиме и да ја промениме приказната, да ставиме крај на насилството врз жените и девојките....

Македонија2 часа

Словенија ги призна возачките дозволи oд Македонија

Словенија усвои измени на Законот за возачите, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија,...

Македонија3 часа

Се зголемува бројот на напуштени кучиња со активен микрочип

Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно...

Свет3 часа

(Видео) Русија реагира на протечениот телефонски разговор меѓу Виткоф и советникот на Путин

Кремљ се огласи утрово откако во извештај на Блумберг се наведува дека еден од претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп...

Регион4 часа

(Видео) Шокантна сцена во Дубровник: што се исфрли морето на брегот

Шокантни слики доаѓаат од Јадранот, каде што најпознатата плажа во Дубровник, Бање, е оставена покриена со ѓубре откако морето исфрлило...

Свет4 часа

(Видео) Дали конечно е блиску крајот на војната во Украина: Остануваат три клучни пречки

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“...

Свет5 часа

(Видео) Новинар: Какви отстапки нуди Русија? Трамп: Ќе престанат да се борат

Американскиот претседател Доналд Трамп е убеден дека Русија, со запирање на својата офанзива, би направила „голема отстапка“ за Украина, што,...

Свет5 часа

„Донецк и размена на територии“: Целиот транскрипт од разговорот меѓу луѓето на Трамп и Путин

Блумберг објави транскрипт од телефонски разговор помеѓу Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за мировни мисии, и...

Свет6 часа

Трамп се откажа од ултиматумот за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се повлече од ултиматумот што ѝ го даде на Украина да го прифати американско-рускиот мировен...

Свет6 часа

Претседателот на Тајван: Ќе предложам да потрошиме уште 40 милијарди долари за одбрана

Тајван ќе воведе дополнителни 40 милијарди долари за одбрана за да ја нагласи својата решителност да се брани, изјави претседателот...

Свет6 часа

Кина: Ќе ги потиснеме сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван

Кина денес предупреди дека ќе ги „потисне“ сите странски обиди за мешање во ситуацијата околу Тајван, откако Јапонија објави планови...

Свет7 часа

Објавени транскриптите, Виткоф до човекот на Путин: Знам што е потребно за да се постигне договор

Пратеникот на Трамп, Стив Виткоф, по успехот на мировниот договор за Газа, минатиот месец оствари телефонски разговор со висок функционер...

Македонија21 час

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет22 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија22 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија23 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија1 ден

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија1 ден

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...