Македонија
Вранишковски во домашен притвор
Распопот Зоран Вранишковски доби домашен притвор во Бугарија, мерка што му ја одредило бугарското обвинителство.
Според софиските медиуми, гаранција дала Бугарската православна црква и Вранишковски бил веќе сместен во некој од софиските манастири. Времетраењето на домашниот притвор за српскиот владика Јован на ткн, ПОА во Македонија не е ограничено.
Според одлуката на бугарските правосудни органи, според која Вранишковски ќе остане во некој од имотите на Бугарската православна црква Во околината на Софија, со право да биде екстрадиран во Македонија.Бугарската полиција го уапси Вранишковски во понеделникот вечерта на граничниот премин Калотина на бугарската страна со Србија.
Најпрво му беше изречено 24-часовно задржување, а потоа и екстрадиционо од 72 часа. И овој рок истече, а документацијата за неговата екстрадиција, како што информираат бугарските медиуми, се уште не е доставена.
По барање на Судот во Битола, македонското биро на Интерпол распиша потерница по Вранишковски.
Во петокот Српската православна црква ги повика претседателите на Србија и Бугарија неодложно да го ослободат Вранипковски.
Неофицијални извори од БПЦ денес коментираа пред ЕФАКТ дека бугарската црква не сака да се меша во случајот со Вранишковски. Уште повеќе што пет калуѓерки, кои ја напуштија црквата на Јован беа прифатени точно од Бугарската црква.
Во моментот тие се наоѓаат во Клисурскиот манастир, којшто е во надлежност Видинската епархија./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

