Македонија
Седма велешка питијада
Препознатливата велешка пита денеска е главно јадење на велешани. Седмата питијада на главната улица ги собра производителите на пити. Пита без вино не оди затоа тука беа и винариите. А за да се вкуси која пита е поубава, пити продаваа и производители од Штип, Свети Никола и Неготино. За организаторите, општина Велес ова е можност да се покаже старата традиција на велешката пастрмајлија.„Она по што Велес е препознатлив сакаме да го претставиме да го промовираме. Питијадата секако е манифестација која низ годините покажа дека може да стане градско обележје“, рече градоначалникот Горан Петров.Секоја домакинка знае да подготви пита ама денес сите решија да купат.„ Сега купивме две, колку ќе купиме незнаеме, ама денес пити ќе јадеме и вино ќе пиеме“„ Купив седум, ги носам дома, седум души сме по една за секој ова е како за појадок, а приквечер по желба може некој ќе дојде и повторно ќе купи“.„ Питата е препознатливо зимско јадење времето денес се погоди , добро е тоа што е вака на отворено и секој може да си купи пити“, велат случајно анкетираните велешани.За пита , велешани и гостите на градот стрпливо чекаа во редици.„За еден час продадовме 750 пити, чекаме да ни донесат други, подготвени сем да го услужиме секој посетител на штандот на Жито Вардар. Нашата пита е најубава, произведена од наше брашно, месо и јајца, значи се е од групацијата Жи Ва“, велат од Жито Вардар.„ Задоволни сме од побарувачката, велешани ја знаат нашата пита и затоа ја бараат, питите се подготвуваат и во зависност од потребите тука на штандот ги добиваме постојано топли и вкусни“, велат од Снупи.„Питата неможе да биде вкусна без добро вино, затоа и ние сме тука“, велат од винарија „ Вел Вин“.И годинешната питијада има хуманитарен карактер. Велешани можат да донираат во касичките поставени на неколку локации. Производителите на пити и вино утревечер кога завршува и седмата питијада ќе соопштат колку средства ќе донираат за потоа организаторот, Општина Велес да каже каде ќе ги донира собраните пари./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

