Македонија
Уапсен поранешен функционер на службата за државна безбедност

Поранешниот функционер на службата за државна безбедност Хисен М. доцна вечерва е уапсен во Тетово, дознава Макфакс, неофицијално.Откако се појавија досиејата за соработка на тајните служби, кои се однесуваа на високи функционери на ДУИ, пратеникот на оваа партија, Талат Џафери, го обвини Хисен М. дека учествувал во фалсификувањето на овие досиеја. Поранешниот функционер тогаш ги отфрли овие обвинувања и се бранеше дека само бил професионалец во СДБ.Од МВР засега не ја потврдуваат информацијата. Комисијата за лустрација неодамна ги отфрли досиејата „Мама“, „Вујко“, „Ибар“„Стрелец“, кои се однесуваа на високи функционери на ДУИ, како неверодостојни./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Полицијата приведе 50 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Полицијата откри 50 градежници, странци без регулиран престој, на градилиштето зад „Рамстор“ кај Стара железничка во Скопје. Сите педесетмина се приведени.
„Денеска во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на странска фирма помеѓу булеварот ’Кирил и Методиј’ и улицата ’Јордан Мијаклов’ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат до МВР.
Нагласуваат дека ова се првичните информации, а на случајот сѐ уште се работи. Од МВР не прецизираат во која градежна компанија работеле градежниците и велат дека сѐ уште се работи на утврдување на деталите.
Најголемото градилиште во овој дел на Скопје е на турската компанија „Лимак“ која се претставува како една од најголемите градежни компании во светот, а кај Стара желеничка треба да изгради подземна сообраќајница и голем станбено – деловен комплекс со четири дваесеткатници.
Македонија
Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.013 тестирања, а регистрирани се во: Скопје-179 случаи, Куманово-24, Тетово-14, Прилеп-5, Гостивар-8, Штип-13, Битола-1, Велес-11, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-13, Струга-4, Кочани-8, Кичево-4, Свети Николе-2, Гевгелија-1, Дебар-4, Ресен-1, Крива Паланка-3, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-5, Виница-1, Богданци-3, Крушево-1, Демир Капија-2, Пехчево-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-13, Тетово-11, Прилеп-15, Гостивар-4, Штип-5, Битола-3, Велес-6, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-1, Кочани-4, Кичево-5, Свети Николе-2, Гевгелија-2, Неготино-4, Ресен-3, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-2, Богданци-1, Кратово-1, Крушево-1, и Пехчево-1.
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.471, бројката на оздравени пациенти е 76.423, на починати е 2.779, а бројот на активни случаи изнесува 11.269.
Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара јавна расправа за реформата во образованието

ВМРО-ДПМНЕ побара да се организира јавна расправа за најавената реформа на системот на основното образование, изјави пратеникот Тимчо Муцунски.
„Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на која ќе имаат можност да се вклучат и еминентни претставници на академската заедница, експерти, а пред се и засегнатите страни како што се наставниците кои најнепосредно ќе бидат вклучени во реализацијата на евентуално прифатениот нов концепт. Токму преку една транспарентна дискусија експертската заедница и јавноста ќе дадат свој придонес за прашањата кои се од големо значење за иднината на Македонија, а тоа е образованието и воспитувањето на младите“, рече тој.
Во недостаток на подготвеност за дијалог, спремност да се слушнат аргументите од било која друга страна и да се организира една ваква јавна расправа од страна на Министерството за образование и наука, додаде Муцунски, наша обврска како пратеници делегирани од граѓаните во Собранието на Македонија е да преземеме конкретен чекор што ќе биде во прилог на унапредување на квалитетот во реформскиот процес во образованието.
„Фактот дека токму експертската јавноста упатува на сериозни недоследности во предложената реформа наведува на сознанието дека е препорачливо и неопходно да им дадеме институционална форма на идните дискусии за ова важно општествено прашање“, рече тој.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот